Мото ГП шампионатот може да заврши порано

October 31, 2024
1 min read

Поради штетите предизвикани од бурата Дана во регионот на Валенсија во Шпанија, под знак прашалник е одржувањето на последната трка од сезоната во Мото ГП за Големата награда на Валенсија.

Викендот на патеката Рикардо Тормо е закажан за 15-17 ноември, ама поради невремето и поплавите, кои веќе однесоа повеќе од 50 животи, голем дел од инфраструктурата околу патеката е оштетена, вклучувајќи го влезот на патеката, паркинзите и патиштата.

Раководителите на патеката известија дека започнуваат со итни поправки на инфраструктурата за да може да се одржи трката за Големата награда на Валенсија според планираното. Во случај реконструкцијата да се покаже како невозможна, постојат две опции.

Првата е да заврши сезоната во Мото ГП пред предвиденото со Големата награда на Малезија, а втората е итно да се организира резервна трка.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руди Геј ја заврши играчката НБА кариера

Следно

Состојба на патиштата: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop