Москва ја повика американската амбасадорка поради поддршка на три „непожелни“ невладини организации

March 7, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Руското Министерство за надворешни работи ја повика американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси, поради поддршката на три невладини организации што во Русија се препознатливи како „непожелни“, пренесува Анадолу.

Руското МНР на својата интернет-страница објави дека од Трејси бара да престане да им дава каква било помош на „Американски совети за меѓународно образование“, „Културни перспективи“ и „Институт за меѓународно образование“.

Министерството тврди дека со поддршка на американската амбасада овие организации спроведуваат антируски програми и проекти насочени кон регрутирање агенти под маската на образовна и културна размена.

Русија предупреди дека „обидите за мешање во руските внатрешни работи“ ќе бидат „остро и одлучно спречени“, вклучително и протерување на вработените во Амбасадата на САД што биле вклучени во такви акции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Брисел предлага ревизија на европската одбранбена индустрија

Следно

Шведска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop