Москва ја обвини Украина за обид за напад на брод на руската Црноморска флота

June 11, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија тврди дека Украина денес извршила напад врз брод од руската Црноморска флота, кој бил на задача да го осигури безбедното функционирање на гасоводите „Турски тек“ и „Син тек“, пренесува Анадолу.

„Денес, околу 01:30 часот по московско време, Вооружените сили на Украина направија неуспешен обид за напад на бродот ‘Приазовје’ на Црноморската флота, кој ги извршува задачите за мониторинг на ситуацијата и осигурување на безбедноста на маршрутите на ‘Турски тек’ и гасоводот ‘Син тек’“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека „Приазовје“ ги уништил сите украински чамци што го почнале нападот без да претрпи никаква штета и дека нема жртви меѓу неговиот екипаж.

„Во овој период, како и за време на претходните слични напади, стратегискиот извидувачки дрон RQ-4B Global Hawk на американските воздухопловни сили спроведе извидување во воздушниот простор на централниот дел на Црно Море“, се нагласува во соопштението и се додава дека бродот продолжува со „извршување на своите задачи“.

Украинските власти сѐ уште не одговориле на соопштението.

Минатиот месец Русија тврдеше дека Украина го нападнала „Иван Курс“, уште еден брод од нејзината Црноморска флота задолжен за безбедно функционирање на двата гасовода.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изборите во Црна Гора засега со помала излезност од претходните – и Милатовиќ и Ѓукановиќ очекуваат брзо формирање нова влада

Следно

Туркије: Обилни врнежи од дожд го отежнаа сообраќајот во Анкара

Latest from Blog

Умерено позитивен ден на Берзата: МБИ10 во пораст, Макстил води меѓу добитниците

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  Денешното тргување на Македонската берза заврши со умерено позитивен тон, при што главниот берзански индекс МБИ10 се искачи

Родителите на починатите бараат правда: Треба да се разграничи судскиот процес и да се утврди одговорноста

Родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани изразуваат незадоволство од начинот на кој се одвива судскиот процес, посочувајќи дека постапката е пренатрупана и недоволно јасно ја разграничува одговорноста. Според

КАТАСТРОФАЛЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ ЗА СТАН ВО ДУБАИ, ова е почеток крајот ќе биде уште полош

Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад, откако иранските ракетни напади низ регионот на Персискиот Залив предизвикаа економска неизвесност по избувнувањето на конфликтот. Индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи

Мора многу да се вложува во армиските капациети и во стручниот, професионален кадар, смета Мисајловски

Министерот за одбрана Владо Мисајловски смета дека мора многу да се вложува во армиските капациети. Треба да се обнови инфраструктурата, но неопходен е и стручен, квалификуван кадар – пилоти, техничари, механичари, доктори,…
Go toTop