МОН: Децата ни се најважни, инклузијата ја приближуваме до нивните потреби

December 3, 2024
1 min read

Министерството за образование и наука посветено работи за децата со посебни образовни потреби да добијат квалитетно образование согласно потребите и можностите, да го достигнат својот целосен потенцијал и да израснат во граѓани вклучени и ангажирани во општеството. Денес, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, велиме ДА за функционална инклузија, НЕ за систем од кој родителите се незадоволни, а наставниците имаат големи забелешки.

Изминатите неколку месеци во интензивни контакти со сите засегнати страни беше јасно предочено дека концептот на тотална инклузија функционира само на хартија, а во пракса не се спроведува и затоа нема очекувани ефекти. Повеќето родители на деца со попреченост сметаат дека сегашниот образовен модел само го продлабочува јазот меѓу различните и ги дискриминира нивните деца.

-Затоа правиме промена на моделот на инклузивно образование – секој родител согласно функционалната проценка (по МКФ) и заедно со стручни лица ќе може да одлучи дали неговото дете ќе учи во редовно или посебно училиште со ресурсен центар. Но, без разлика во кое училиште ќе оди, Министерството за образование и наука има за цел да обезбеди приспособена поддршка која одговара на индивидуалните потреби и аспирации на секое дете. Работиме на континуирано зголемување на бројот на образовни асистенти. Оваа училишна година во наставата во основните училишта вклучивме над 1000 стручни лица, најмногу досега. Новиот Закон за средно образование кој ќе биде донесен на почетокот на 2025 година, предвидува образовни асистенти и во средните училишта. Исто така ја продолжуваме поддршката за наставниците преку обуки, за да можат квалитетно да одговорат на барањата на децата со посебни потреби. Во рамки на буџетските можности, ќе ги подобриме уловите во училиштата со ресурсен центар, откако претходно на терен ќе ја утврдиме состојбата во секое училиште посебно. Тоа значи соодветна асистивна технологија и опрема, што ќе им помага и ќе ја зголеми независноста на учениците со посебни образовни потреби, велат од МОН.

Министерството за образование и наука работи истовремено на подобрување и прилагодување на реалните потреби, на сите сегменти на образование.

-Имаме силна поддршка на меѓународните институции од каде ги користиме најдобрите светски практики. Сите чекори ги правиме со целосна вклученост на оние на кои се однесуваат и кои ги бараат промените – учениците, наставниците,  родителите,  универзитетите и стручните здруженија. Децата ни се најважни, сите заедно можеме да изградиме подобра иднина за нив, велат од МОН.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Крушево без вода по пад на бандери и кинење на електрични жици

Следно

Италијанскиот министер за надворешни работи предупреди на нова миграциска криза во Сирија

Latest from Blog

ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата и апсења на вчерашниот голем протест во Белград

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера беше одржан во Белград, се претвори во бран на инциденти во центарот на главниот гра на Србија, откако демонстранстите се обиделе да се

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Пред турнирот, Србинот даде интервју за „Спортклуб“ во

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад
Go toTop