МОЛДАВИЈА САКАШЕ ДА СЕ НАЛЕПИ НА РОМАНИЈА И СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ, но планот е одбиен – од Романците

January 24, 2026
1 min read

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, неодамна во подкаст изјави дека ќе гласа за приклучување на нејзината земја кон Романија во случај на референдум. Нејзините коментари предизвикаа бес. „Доколку имаме референдум, јас би гласала за обединување со Романија.“

Молдавците и Романците се два различни народи и зборуваат два различни јазика, Романците формираат етничко малцинство во Молдавија A Република Молдавија е легитимен наследник на Кнежевството.

Овие “факти и планови“ ги изнесе молдавската претседателка избрана на контраверзни избори со “масовно гласање“ на Молдавците од Западна Европа за преку ред да ги внесе Молдавците во ЕУ со бришење на сопствената државност и станување дел од Романија која е членка на ЕУ.

Романскиот претседател Никушор Дан денеска ја отфрли идејата за организирање референдум за обединување на Романија со Република Молдавија.

Зборувајќи во градот Фокшани, каде што присуствуваше на настаните посветени на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан рече дека таквата мерка не е оправдана сè додека „нема волја од Република Молдавија да го стори тоа“, пренесе агенцијата Аџерпрес.

– Нема причина за тоа сè додека нема волја во Молдавија тоа да се стори – рече Дан и потсети дека Романија има обврска кон Република Молдавија да ја поддржи на нејзиниот европски пат.

Тој нагласи дека ова е прашање за кое граѓаните на Република Молдавија мора да се изјаснат.

– Романија има обврска кон Република Молдавија да ја поддржи на нејзиниот европски пат. Ова е целта на граѓаните на Република Молдавија и владата што ја избраа. Покрај тоа, постојат и други поврзани прашања, како што се енергетиката, економската поврзаност и други. Во овој контекст, Романија ја поддржува Молдавија и ја почитува волјата на нејзините граѓани. Доколку во одреден момент нивниот став се промени, ние ќе дејствуваме соодветно – рече романскиот претседател.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок во Минхен: Баерн поразен на свој терен од Аугзбург!

Следно

Кога работничка солза е сценски декор

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop