Мојсовска од НФФ: Не може земјоделецот да биде и производител и трговец

February 15, 2025
1 min read

Во организација на Националната федерација на фармери, денеска, во Скопје Сити мол се одржува саем на мали производители на храна, каде потрошувачите имаат можност да купат производи правени на традиционален начин директно од производителите.

Како што посочи претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска, со купувањето на производи директно од производителите се избегнува ланецот земјоделец–трговец–дистрибутер–трговец, каде, како што рече, се наддаваат маржите и цената рапидно се зголемува.

– Производителот ја знае цената на суровиот земјоделски производ, си знае колку труд и финансии вложува за да го преработи тој земјоделски производ и потоа ја одредува својата цена. Доколу купите директно од земјоделците кои сами ги преработуваат своите земјоделски производи, вие го избегнувате ланецот земјоделец – трговец – дистрибутер – трговец, каде што се наддаваат маржите, а знаеме последните години, за жал, како маржите драстично се зголемија, што претставува штета на земјоделците и потрошувачите, рече Мојсовска.

Прашана каде се случува рапидниот скок на цената на производите и дали како производители, по вчерашната средба на дистрибутерите и трговците во Министерството за економија за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, ќе побараат и тие да се сретнат, Мојсовска вели дека тоа ќе се случи во догледно време и ќе ги кажат своите ставови.

– Не знам дали кај откупувачите, дистрибутерите или трговците, но знам земјоделците по кои цени ги продаваат. Земјоделецот нема време да оди да продава, бидејќи доколку го прави тоа ќе нема кога да работи и да произведува. Нивата треба да се навади, треба да се внимава за производот да се заштити, не може земјоделецот да биде и производител и трговец. Како организација сме социо-економски партнер на државата и редовно сме консултирани за сите одлуки, така што во догледно време и ние ќе имаме средба за да ги кажеме нашите ставови, рече Мојсовска.

Националната федерација на фармери, додаде, неколку пати годишно организира саеми на кои производителите им ги презентираат своите производи директно на потрошувачите.

– Ние како организација им организираме саеми каде што имаат можност да се презентираат и да бидат во директен контакт со потрошувачите. Организираме неколку саеми годишно, последниот беше на 15 декември, додека овој е прв за оваа година, потоа на следува во април, како и во есенскиот период неколку саеми. Сметаме дека со што поголема промоција на самите оператори на храна ќе може да се допре до населението и директно од самите производители ќе може да се набават производите кои што се правени на традиционален начин, а секако безбедни и здрави за сите, рече Мојсовска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сестрата на Фросина се огласи пред утрешниот собир: Ова е протест на народот, тагата, револтот и на желбата да се остане тука!

Следно

Сестрата на загинатата Фросина за утрешниот марш: Тргнуваме од местото каде што заврши сонот на Фросина!

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop