Мојаноски во Аргумент плус: Очекуваме дека новиот папа ќе продолжи да чекори по стапките на папата Франциск

May 9, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Цане Мојаноски во Аргумент плус, рече дека со прифаќањето на името Лав IV, новиот избран папа на некој начин соопштува дека ќе ги афирмира и прифати принципити кои ги имаше и папата Франциск.

Тој зборуваше и дека се очекува папата да се сврти кон вреднување на заедницата.

„Лав IV на еден или друг начин соопштува дека ќе ги прифаќа и афирмира принципите кои беа присутни кај доскорешниот папа Франциск и се позврзани со социјалната правда, заветот за сиромаштво, помош на луѓето во неволја. Овде од она што можеме да го сретнеме е дека станува збор за духовен водач кој припаѓа на редот врзан со Свети Августин и за овој духовен ред може да се сртене дека станува збор за духовна ориентација која тежишето го посветува на заедницата, афирмација на трудот и социјалната правда. Затоа во дел од говорот на новиот папа се виде дека се залага за да се реафирмира трудот и човековиот придонес во свет каде доминираат парите и профитот“, рече Мојаноски.

Тој зборуваше и дека се очекува папата да се сврти кон вреднување на заедницата.

„Во владеењето на папите има динамика и осврт на прашања кои биле присутни во одредени духовни движења. Католичката црква покажува значителна динамика кон актуелноста на општествениот развој и може да се препознаат нагласености на одредени христијански учења. Ако Франциск беше папа кој беше свртен кон сиромашните, луѓето во неволја, треба да очекуваме дека новиот папа ќе ја продолжи оваа афирмација но и дека ќе внесе повеќе содржини за почитување на вреднстите во заедницата“,  додаде Мојаноски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган со честитки до новиот папа Лав XIV, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните кризи

Следно

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

Latest from Blog

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин е потсетник на „болните времиња во бракот“.

Арапско Море: САД соборија ирански дрон

САД, според наводите на Пентагон, собориле ирански дрон во Арапското Море. Дронот се приближил до носачот на авиони УСС Абрахам Линколн на „агресивен“ начин, објави американската војска. Дронот од типот Шахед 139 продолжил да лета

Трамп сака да се затвори поглавјето Епштајн: „Америка мора да гледа напред“

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека сака дебатата околу скандалот со Џефри Епштајн да се затвори, по најновото објавување на досиејата поврзани со починатиот финансиски магнат и осуден сексуален

Во Абу Даби продолжуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина

Првата рунда трилатерални разговори се одржа во средината на јануари, додека последователниот состанок закажан за минатата недела беше одложен. Се очекува украинската делегација во Обединетите Арапски Емирати повторно да биде предводена од

Без вода делови од Центар и Чаир

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир. Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар,
Go toTop