Модриќ со само три збора ја искажа својата љубов и причината за останување во Мадрид!

June 26, 2023
1 min read

Набрзо откако официјално беше објавено дека го продолжил договорот со Реал Мадрид до следното лето, Лука Модриќ преку социјалните мрежи го искажа своето мислење околу останувањето во шпанската престолнина.

Хрватот имаше неверојатна понуда од Саудиска Арабија, која ќе му овозможеше за една сезона да заработи повеќе отколку во целата кариера досега, но реши да им каже „Не“ на арапските милиони. Тој со три збора кажа што за него претставуваат Реал и Мадрид.

„Доме, слатки доме!“, напиша Модриќ.

Репрезентативецот на Хрватска, кој во септември ќе наполни 38 години, во таборот на „кралевите“ стигна пред 11 години, период во кој дојде до дури 23 трофеи. Тој со шпанскиот гигант освои пет титули од ЛШ, пет трофеи од Светското клупско првенство, четири европски Суперкупа, три шампионски пехари во Шпанија, два во Купот на Кралот и четири во шпанскиот Суперкуп.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ додаде 3,5 милијарди евра во буџетот за воена помош

Следно

„ЧУВСТВОТВОРЕН ЈАЗИК“ Е МОТОТО НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА, ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ОД 24 ДО 28 АВГУСТ

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop