Модриќ: Реал Мадрид се династија во Лигата на шампиони

May 17, 2023
1 min read

Лука Модриќ изјави дека фантастичните резултати на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, односно петте титули освоени во последните девет години може да значи предност за нив пред вториот меч од полуфиналето на гости кај Манчестер сити.

По 1:1 ремито на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ќе се обиде уште еднаш да го сопре тимот на Пеп Гвардиола во полуфиналето како минатата сезона.

Сити уште ја бркаат својата прва европска титула, додека Реал Мадрид се најуспешни во континенталното натпреварување со 14 трофеи.

„Сме играле вакви мечеви, полуфиналиња и финалиња многу пати во минатото. Тоа што го гледам во моите соиграчи и во тренерот Карло Анчелоти е самоувереност и целосна доверба во нашиот карктер и квалитети. Се сеќавам кога зборувавме со Зинедин Зидан за градење династија во Лигата на шампиони и мислам дека успеавме во тоа. Тоа ти дава дополнителна мотивација, да играш тука со Реал Мадрид кога знаеш дека си блиску до титулата. Тоа те мотивира, ти дава сила, да направиш нешто историско. Сите знаете колку ја сакаме Лигата на шампиони и колку удобно се чувствуваме во вакви ситуции“ вели хрватскиот репрезентативец .

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сем Алтман бара САД да ја регулираат вештачката интелигенција

Следно

Барселона остана без уште еден директор во раководните структури

Latest from Blog

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop