Модерна или грда: Уникатна шарена зграда предизвикува контроверзии во Шведска (ВИДЕО)

February 8, 2024
1 min read

Градбата со име „Тинг-1“ во Ернскелдсвик е една од најуникатните станбени згради во Шведска, но ја доби и титулата за „најгрда“ во тоа подрачје. И тоа, не само поради боите и уникатната архитектура, туку и поради начинот на којшто е изградена.

Фамозната „Tingshuset“ (Судска куќа) во центарот на градот е бетонска зграда од 1967 година. Изградена во дворот на Судската палата, таа се протега по целата ширина над судската палата, но така што двете згради не се допираат никаде. Од сите страни на фасадата „стрчат“ занимливи стаклени балкони – вкупно 78, а внатре има 51 стан. Темата на смели и топли бои е инспирирана од делата на шведскиот уметник Бенгт Линдстром.

Околните жители ова здание на шега го нарекуваат „Лего-куќа“, а во поново време дури и – „коронавирус“. Тоа пак, предизвикува и пофалби, и критики, и контроверзии.

Градбата беше финалист за наградата шведска зграда на годината во 2014 година и го освои одличјето „Голема плочка“. Дизајнот на зградата е потпишан од познатиот шведски архитект Јерт Вингорд. Како и скоро за сѐ друго на светов, има различни мислења. Така, покрај коментарите дека „ова е извонредна зграда“, оваа градба е означена како „најгрдата зграда во провинцијата Ангерманланд“ во истражување од 2016 година, а беше критички осветлена од движењето „Аркитектупрорет“ (‘Arkitektuproret’ – ‘Архитектонско востание’), коешто се бори против модернизмот.  (МИА)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oun Im (@semoun99)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што ќе се случи со принцот Хари кога брат му Вилијам ќе стане крал? Прогнозите не се добри за него, црно му се пишува!

Следно

За утре најавено разрешување на министрите „про-Таравари“, Меџити и Алиу

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop