МНР со апел: Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии

April 12, 2024
1 min read

Следствено на информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Република Северна Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии.

„Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса [email protected] ) како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса [email protected] )“, велат од МНР.

Израел се подготвува за директен напад од Иран во рок од два дена, но Иран сè уште нема донесено конечна одлука за нападот, се вели во најновиот извештај на светските агенции.

Претходно француското Министерство за надворешни работи ги советуваше француските граѓани да не патуваат во Иран, Либан, Израел и на палестинските територии поради опасност од ширење на конфликтот на Блискиот Исток.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ испрати писма до европските лидери по повод евентуалниот прием на Косово во Советот на Европа

Следно

Тухел: Нема да го гледам Леверкузен, туку Арсенал

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop