МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и ИранМнр ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

October 2, 2024
2 mins read

Блискиот Исток на раб на војна. Речиси 200 балистички ракети истрелани од Иран кон Изрел како одмазда за убиството на првите луѓе на Хезболах и Хамас.

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да го напуштат регионот пред ситуацијата целосно да излезе надвор од контрола. Амбасадата во Тел Авив е во контакт со израелските институции а меѓу жртвите и повредените, нема македонски државјани.

„Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.“ – МНР.

Небото над Тел Авив и Ерусалим неколку часа синоќа беше осветлено од експлозии. Низ целата земја се слушаа сирените за тревога а мнозинство од Израелците, засолниште најдоа во подземните бункери. Пријавено е едно починато лице на западниот брег а двајца израелци побарале лекарска помош. Железната купола на Израел, американската и британската морнарица и јорданската противвоздушна одбрана, спречиле голем број од ракетите да ја погодат својата цел. А додека иранските ракети летаа над Израел, во Тел Авив, состанокт на воениот совет.

„Режимот во Иран не ја разбира нашата решителност да се одбраниме и да се одмаздиме на нашите непријатели.  Синвар, Деиф и Насралах не ја разбраа пораката. Очигледно е дека и оние во Техеран не разбираат. Но ви ветувам дека ќе разберат.“ – изјави Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел.

Иран пак најави уште посилен напад доколку САД, а пред се Израел, возврати. За претседателот Масуд Пезешкијан нападот морал да се случи за да се постигне мир во регионот. Иранската револуционерна гарда тврди дека истрелале преку 200 балистички ракети, од кои дел насочени кон воени бази околу Тел Авив…Според нивните проценки, дури 80 проценти ја погодиле целта.

„Ако ционистичкиот режим кој полуде, не биде ставен под контртола од САД и Европа, и сака да продолжи со злосторствата, или сака да наштети на нашиот суверенитет, ќе одговориме десет пати посилно од вечерашниот напад. Луѓето воопшто не беа цели, иако тоа беше лесно да се изведе.“ – изјави Мохамед Бегери началник на Генералштабот на армијата на Иран.

Ракетниот напад врз Израел наиде на осуда во меѓународната заедница, но херојски беше пречекан од палестински Хамас и од Хутите во Јемен. Генералниот Секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди ширењето на конфликтот на Блискиот Исток и побара прекин на огнот. Од Русија порачаа дека ситуација на Блискиот исток го покажала целиот неуспех на американската политика.

Од Белата Куќа пак со порака, остануваме со Израел и ќе продолжиме заедно да се браниме од сите идни напади. Во меѓувреме Израел ја засилува безбедноста на амбасадите ширум светот. Неколку инциденти утрово во близина на дипломатските преставништа во Европа. Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген. Непознато лица пак почнало да пука кон конзулатот на Израел во Стокхолм..И во двата инциденти, нема повредени.

Нападите на Израелската авијација продолжуваат и денес. Повторно цел се позиции на Хезболах на Југот на Либан. Паралелно со авионите, и пешадиските единици пополека влегуваат во земјата.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

35 000 странски туристи со чартер летови ќе доаѓаат во Скопје и Охрид – се очекува прилив од 50 милиони евра

Следно

Министерот Николоски на средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади

Latest from Blog

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop