Министерот Николоски на средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади

October 2, 2024
1 min read

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади, соопштија од неговиот кабинет.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Северна Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата. Исто така на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период. На средбата тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересриани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик, се вели во соопштението од кабинетото на министерот Николоски.

Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, додаваат од таму.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и ИранМнр ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

Следно

Ахмети не сака да влезе во Влада: Не сме резервна гума

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop