Мнозинството Германци се против испорака на крстосувачки ракети во Украина

August 18, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Повеќе од половина Германци се против испораката на ракетите Таурус во Украина, покажа новото истражување, пренесува Анадолу.

Анкетата на јавниот радиодифузен сервис АРД покажа дека 52 отсто од Германците се противат на испораката на крстосувачки ракети во Украина бидејќи тие може да се користат за напаѓање на цели во Русија.

Околу 36 отсто се изјаснија за испорака на ракетите Таурус, кои се заеднички произведени од Германија и Шведска, со дострел од повеќе од 500 километри.

И покрај зголемениот притисок од Украина, канцеларот Олаф Шолц досега беше претпазлив околу испораката на ракетите Таурус, плашејќи се дека тоа може да ја направи Германија страна во конфликтот со Русија.

Весникот „Дер Шпигел“ минатата недела објави дека Владата разгледува неколку опции и може да се согласи да прати ракети Таурус по некои технички модификации за да се осигури дека ракетите нема да се користат за напад на руска територија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбележан Денот на Армијата: Иако сме мала држава, покажавме дека сме достојни како нација и како армија да чекориме рамо до рамо до најсилниот политички сојуз

Следно

Ковачевски пред пратениците: Нема да има ново вето откако ќе се изгласаат уставните измени

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop