Многу топло време со температура до 40 степени

June 21, 2024
1 min read

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и ќе многу топло со слаб до умерен северен ветер. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде многу висок и ќе изнесува 9. 

Во Скопје времето денеска сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

Според прогнозата на УХМР, мининалната температура ќе биде 14 степени во Берово, а максималната 40 степени во Скопје и Гевгелија.

Нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло и за време на викендот. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стапката на наталитет во богатите земји е преполовена

Следно

Главоболки за новата влада, од техничката

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop