Младите со серија критики за македонското образование

June 7, 2024
1 min read

Проблемот во државната матура не е како да се фатат препишувачите, туку потребна е промена на моделот на оценување на средношколците на испитот, ова е ставот на претставниците на младинскиот образовен форум.

Тие нагласија дека моделот на државната матура е застарен и треба нов, исто така велат дека препишувањето е крајниот резултат на застарениот модел.

„Она што е сигурно дека матурата како систем за оценување на знаењата на средношколците е застарен модел и всушност препишувањето е само крајниот резултат на еден застарен модел. Сметаме дека институциите треба преку еден отворен и транспарентен процес да го ревидираат начинот на кој се оценуваат знаењата на учениците кои ги стекнале за периодот од сите 4 години, така што препишувањето е само крајниот резултат.“ – вели Ристо Савески од Младинскиот образовен форум.

Уште еднаш младите потврдија дека дел од нивните проблеми се тоа што некои од нив воопшто немаат приспап до образование, како што се младите во поправните домови, младите со попреченост како и младите во руралните области . Дополнително голем дел од младите студираат во странство поради како што велат, фактот дека на дел од нашите универзитети се предава застарена содржина.

„Кога ќе видиме високото образование ќе видиме дека очигледно е дека младите не сакаат да студираат во нашите универзитети, односно одат на универзитетите во странство. Тоа се должи на плеада фактори од квалитетот на содржините кои ги имаме, до недостатокот на пракса, до недостатокот на обновливост на системот, односно образовни асистенти во склоп на образованието. Фактот дека нашите содржини многу често се застарени за она што се учи на универзитетите која е една од факторите. Меѓутоа младите не се иселуваат од државата само поради недостаток од образование или недостаток на квалитетно образование се иселуваат поради недостаток на квалитетни можности за работа поради корупцијата која владее во државата поради лошиот јавен превоз лошиот здравствен систем иако сме млади сепак ги имаме истите проблемио како и останатите граѓани во државата.“ – вели Теодора Столевска од Младинскиот образовен форум.

Денес од Младинскиот образовен форум слават 25 години од основањето. Таа е огранизација која е заедница на млади луѓе која едуцира, иформира, подржува и креира младински активизам.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕК препорача почеток на преговори со Украина и Молдавија

Следно

Навивачите на Ливерпул го избраа Салах за фудбалер на сезоната

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop