Мицкоски: Заврши мониторингот за Македонија од страна на ПССЕ, тоа е само признание за нивото на демократија во Македонија

January 30, 2026
1 min read

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа и дали можеме да го цениме ова како напредок, изјави:

„Ова е историски момент, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста. Односно, Македонија веќе не е опфатена со пост мониторинг од страна на Советот на Европа. За разлика од нас, сите овие фронтранери во регионов, нели имаме фронтранери во европските интеграции или се во мониторинг или се во пост мониторинг. Пред само три-четири месеци, земја членка на ЕУ, како Бугарија, излезе од овој пост мониторинг, сега и ние излегуваме. Тоа е само признание за нивото на демократија во државата.

Ќе ве потсетам, дел од вас бевте присутни пред неколку дена, кога ми беше поставено прашање, дали Владата влијае на слободата на говорот. Еве еден најголем демант, ова е најголемиот демант за квалитетот на демократијата во Македонија и слободата на говорот, владеењето на правото и сите процеси коишто ги мониторира Советот на Европа.

Јас сум благодарен на тимската работа, на сето она коешто го направивме. Тоа е уште една добра вест, покрај онаа со којашто Европската Унија го препозна проблемот со, не само камионџиите, би рекол, со друмските превозници, зборувам тука и на товарниот и на патничкиот сообраќај, не е само тоа случај кај превозниците со камиони. Но, во периодот што следи ќе има уште многу добри вести. Така што сите оние невистини, лаги од страна на опозицијата коишто беа кажувани изминатиов период и злоупотребувани, полека се распрснуваат како меурот од сапуница. Но, и на оние нивни перјаници во медиумите коишто ги засилуваат лагите на опозицијата, мислејќи дека на тој начин ќе ми наштетат мене и на Владата. Еве нема поголем демант од овој којшто дојде директно од Стразбур, од Советот на Европа. Којшто вели Македонија како држава е зрело демократско општество, владее правото, нема замолкнување на слободна новинарска мисла, се почитува слободата на говорот и дека таа држава е зрела, да понатаму ја гледаме како навистина зрела демократија, за разлика од другите земји од Западен Балкан. Сите се или во пост мониторинг или во мониторинг, вклучително тука зборам и фронтранерите Црна Гора, Албанија и така натаму.“

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Општина Прилеп воведува парична помош од 3.000 денари за секое прваче

Следно

Арагчи: Техеран е подготвен за фер и непристрасни разговори со САД

Latest from Blog

БЕБЕ УКРАДЕНО ОД КОЛИЧКА! Полицијата на нозе, ангажирани и хеликоптери

Полицијата од синоќа трага по исчезнато тримесечно бебе во Германија. Како што потврди портпаролот на полицијата за „БИЛД“, момчето наводно било грабнато од детска количка во текот на ноќта во градот Ренинген.

Коњановски: ТАВ Македонија застанува зад иднината на ФК Пелистер

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека ТАВ Македонија станува нов спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер. Спонзорството има за цел унапредување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери,

Ребалансот на буџетот пред финална фаза

До крајот на оваа недела ќе биде усвоен ребалансот на буџетот, вели премиерот Христијан Мицкоски, па следната недела ќе го пуштат документнот на усвојување во законодавниот дом. Христијан Мицкоски премиер „Очекувам оваа

Божиновска: Две години реформи и инвестиции во енергетиката и рударството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, соопшти дека во период од јуни 2025 до јуни 2026 година Министерството реализирало повеќе од 700 активности, оценувајќи дека резултатите се поттик за

ВЛЕН: Универзитетот „Мајка Тереза“ добива нови можности за развој

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Собранието се отвора ново поглавје во развојот на јавниот универзитет на албански јазик. Од ВЛЕН
Go toTop