Арагчи: Техеран е подготвен за фер и непристрасни разговори со САД

January 30, 2026
1 min read

– Мирот и стабилноста на Иран се важни за нас – изјави Фидан на заедничката прес-конференција во Истанбул со иранскиот колега Абас Арагчи.

Фидан потенцира дека Анкара е против странско мешање во внатрешните работи на Иран.

– Се надеваме дека може да се изнајде решение, да се избегне конфликтот, но и изолација на Иран – наведе Фидан.

Арагчи истакна дека Иран е подготвен да ги обнови разговорите со САД ако преговорите бидат фер и непристрасни и не ги вклучуваат одбранбените капацитети на Иран.

Фидан и Арагчи се осврнаа и на ситуацијата во Сирија и примирјето помеѓу Дамаск и курдските сили.

– Внимателно го проучуваме договорот за интеграција; вистинската интеграција е во интерес на Сирија и сите страни веќе се запознаени со условите на овој договор – посочи Фидан.

Арагчи истакна дека „Техеран сака единство и мир во Сирија“.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор со иранскиот колега Масут Пезешкијан истакна дека Анкара е подготвена да посредува помеѓу Иран и САД. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Заврши мониторингот за Македонија од страна на ПССЕ, тоа е само признание за нивото на демократија во Македонија

Следно

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 1,8 процентни поени за една година

Latest from Blog

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop