Мицкоски за односите со Бугарија: Оваа Влада за да остане на власт отстапи и прифати сè, нивното килаво однесување е резултат на криминалот кој го прават 

January 26, 2023
2 mins read

Навистина можам да кажам дека ова што го гледам е нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува. Ја користам оваа прилика да кажам неколку реченици поврзани со сето тоа. Прво, она кое што вознемирува е фактот дека оваа Влада и покрај сите отстапки, и покрај сето она што беше побарано од оваа Влада, практично сѐ отстапи и сѐ потпиша во интерес на зачувување на своите лични фотелји, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Гледаме дека другата страна и покрај сето тоа влегува во еден таканаречен конфликт кој што би го ставил на ниво на една студена војна помеѓу двете држави, бидејќи колку што разбрав, амбасадорот на нашиот источен сосед не е во државава, односно го задржале таму, не го вратиле назад, односно не е дојден тука каде што треба да ја извршува својата амбасадорска позиција. И тоа, го правдаат властите во Софија како револт поради оној настан кој што се случил во Охрид. Тоа е така затоа што кога едната страна попушта се, коленичи, ведне кичма, а другата страна практично добива сѐ, таа страна, во случајов Бугарија мисли дека природно право нејзино е да добие сѐ што ќе побара и на тоа предупредувавме изминатиот период дека тоа не треба да се случува, но за жал имаме политички аналфабети криминалци и корумпирани политичари коишто буквално за да ги задржат своите позиции и да можат уште некој тендер во четири очи да добијат се подготвени сѐ да проголтаат. Но, се разбира на товар на македнскиот народ, македонскиот идентитет и на македонските граѓани, рече тој.

Мицкоски се осврна и на однесувањето на Владата и претседателот.

-Второ, гледате тие дека функционираат како аналитичари. И Владата и Стево Пендаровски седат и прават анализа, па ќе го слушнете Стево Пендаровски како ќе ви каже дека ова било некаков си заговор, дека овие се некои тајни служби, надворешни влијанија и фактори за дестабилизација на Македонија, а притоа ниту едните ниту другите, после оној состанок што го имаа, Совет за безбедност кај Стево Пендаровски не излегоа кои се тие странски служби кои се тие странски фактори за влијание, кои се практично луѓето кои сакааат да ја дестабилизираат Македонија? Знаете тие добиваат плати ги уживаат привилегиите, затоа што народот ги плаќа да даваат решенија, да даваат одговори на прашањата, а не како аналитичари да коментираат. Трето, прво почнаа со тезата ќе прогласувале персона нон грата, па потоа се повлекоа што чекаат да дојде 4 февруари па да се случат инциденти па тие луѓе да предизвикаат и провоцираат па од маргинални политичари, буквално естрадни политичари да претворија политички тешкаши сега со овие пинг понг изјави во јавноста, овој Џамбаски како се викаше овој европскиов политичар како му беше презимето од што не знае што да направи повеќе буквално како циркузант во естрада се однесува за да добие некој политички поен повеќе на темата мрази ги Македонците, навредувај ги Македонците, мрази ја Македонија итн. И што направија они со тоа, буквално ништо. Ете тоа е оној театар и естрада во која ја претвораат политиката во Македонија, рече тој.

„И четврто. Она кое сакам исто така да го кажам е ова нивно килаво однесување кое претпоставувам е резултат на нивната огромна корумпираност и заштита на криминалот за да останат уште некој ден, некоја недела, некој месец на тие позиции за да можат на грбот на овој народ да се богатат и се подготвени сѐ да проголтаат. Па дури и народот да го жртвуваат, па дури и иднината на народот да ја жртвуваат само за да можат тие уште некој ден да останат таму каде што се. Јас сум навистина згрозен и очекувам час поскоро да излеземе на предвремени парламентарни избори и да може народот гласно да зборува, а јас сум убеден во тој резултат и во огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача, но и невозможна, да ги исправи сите грешки кои што оваа криминална и корумпирана влада на ДУИ поддржана од СДСМ ги направи“ – потенцира Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Француската министерка Колона во посета на Одеса

Следно

Мицкоски: Со секој изминат ден СДСМ губи по еден пратеник и затоа колку побргу заминат толку помалку пеколен ќе биде нивниот крај

Latest from Blog

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз
Go toTop