Мицкоски во Стопанска комора на Македонија: Нудиме  остварливи мерки во економијата

March 27, 2024
1 min read

Она што го кажаа бизнисмените ќе влезе во програмата на владата, важно е да ги определиме главните насоки и да нема отстапувања од договореното, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој со економскиот тим на неговата партија денеска имаше средба со раководството на Стопанска комора на Македонија. Стопанствениците од него побараа економијата да се стави како приоритет во дејствувањето на владата.

– Ние сакаме да дадеме надеж на вистински темели за да нема големи разочарувања кои придонесуваат за иселување на младите. Цениме дека како идна влада со одлучна борба против корупцијата, внимателен пристап кон економијата, кон образованието … ќе го оствариме она што го предвидовме – Македонија да има динамичен раст со кој ќе ја вратиме довербата на граѓаните, и ако може зошто да не да вратиме дел од оние кои заминаа, рече Мицкоски.

Тој најави дека се планира рамен данок од 10 отсто да се намалува постепено на 8 проценти, јасна политика на парафискалните давачки, регулаторната гилотина, ниски царински давачки, дека ќе има постојана борба со сивата економија.

– Не може редовните даночни плаќачи да го полнат буџетот, а други да не го прават тоа. мора да важи законот на целата територија на државата. Да нема привилегирани компании. Ќе направиме анализа каде се применува фискализацијата во земјава, а каде не. Нема да има во иднина бесцарински и безданочни зони. Ако некој мисли дека ќе ги има се лаже, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека не се размислува за намалување на даночната стапка на ДДВ и додаде дека ќе се бара да се види со каков имот располага секој граѓанин, почнувајќи од него.

Претседател на СКМ Бранко Азески рече дека нивниот став е дека економијата мора да биде приоритет на земјата во следните 10 години. Азески додаде дека во претходните циклуси биле излажани од политичарите, но овој пат нема да го дозволат тоа.

– Нашите чекори ќе бидат јасни. Секое излегување од договореното ќе потсетуваме. Потоа ќе бараме претседателот да ги потпишува законите еден месец по донесувањето, а не првиот ден. Ќе ги информираме САД за сите чекори кои владата ќе ги презема во незаконска насока. Ќе бараме фискалниот совет да работи како што треба и ќе повикаме меѓународните финансиски институции да преземат мерки. Ние можеме да го преселиме капиталот во секој момент, но сакаме да го правиме тоа за државата. Оваа држава мора да тргне во насоката која ја избравме за да не се срамиме самите себеси, рече Азески

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

4 години Северна Македонија во НАТО

Следно

ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ СКУЛПТОР РИЧАРД СЕРА

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop