Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши

August 21, 2024
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, потврди денеска од Неготино лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник за изградба на градски пазар во Неготино, тој кажа дека партијата не гледа причина за интерпелација на спикерот Гаши.

– Начинот на кој тој се однесува како спикер во Парламентот, како ги води седниците и се тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник, рече Мицкоски.

Според него, коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица, има свои мотиви зошто поднесуваат таков тип на интерпелација. 

– Препоставувам оваа коалиција и политичари од рангот на Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и Али Ахмети им е подобра, отколку сегашната состојба, но јас не мислам дека е така и затоа нема да поддржиме ваков тип на интерпелација, изјави Мицкоски.

Пратеничката група на Левица на почетокот на месецов во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Интерпелацијата е ставена на  дневен ред на 13. пленарна седница закажана за 3 септември.

Како што се наведува во барањето за интерпелација, Гаши ја повредил секуларноста на државата кога на собраниска седница за одбележување на геноцидот во Сребреница заедно со други присутни изведе групна верска молитва. Како втора причина за барањето одговорност, е наведен инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром. Според „Левица“, Гаши како претседател на законодавниот дом направил и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што заклетвата што ја даде како веќе избран претседател прво ја даде на албански, а не на македонски јазик. Сметаат и дека го злоупотребил Законот за државни симболи затоа што во салата во која се одржуваат пленарните седници на Собранието се поставени и симболи на НАТО и на Европската Унија, а не ставил на дневен ред точка за констатирање на престанок на пратеничката функција на Талат Џафери кој во исто време сѐ уште ја извршуваше функцијата технички премиер.

Реакција во јавноста покрена и патувањето на спикерот Гаши со службено возило на свадбена веселба во Косово.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Јубилеј за Стефан Ристовски во дресот на Динамо Загреб

Следно

Од 23 август српските возачки дозволи повеќе нема да важат во Косово

Latest from Blog

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

ФОТО:facebook.com/nfsbih/ Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа

(Видео) РЕКИ ОД ЛАВА НА ПАДИНИТЕ НА СИЦИЛИЈА – Еруптираше Етна, најголемиот вулкан во Европа

Најактивниот вулкан во Европа, Етна на Сицилија, повторно еруптираше, создавајќи спектакуларна глетка од реки од уштена лава кои течат низ неговите падини. Според извештаите на Би-Би-Си и италијанскиот Национален институт за геофизика

Комуналец Прилеп: Во тек косење на повеќе локации долж Оревоечка река

Од Одделението „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Комуналец“ Прилеп две екипи интензивно работат на косење на проблематични делови од Оревоечка река. Активностите се одвиваат на потегот од мостот „Димо Наредникот“ кон мостот

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат
Go toTop