Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени, или сега е Венко против Венко

October 15, 2025
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг повика на масовност на изборите на 19 октомври и укажа дека вистинскиот избор за Делчево е Иван Гоцевски.

Мицкоски се осврна и на состојбата во СДСМ и однесувањето на претседателот на партијата, Венко Филипче.

„Сакам да обрнам внимание на еден парадокс кој се случува, гледајќи ја кампањата на нашите конкуренти. Го слушам Венко како на државава ѝ се случувало цунами, од лошо – полошо. Бил загрозен домот, семејството, луѓе почнале да се иселуваат, имало нечесни игри, ама судиите биле професионалци. Инфлацијата галопирала и не знам што уште не. Каде беа тие пред година и половина, тие заедно со ДУИ беа власт седум години. Ние не почнавме од прозорците, фасадата, кровот на нашиот дом. Почнавме од темелите. Сменија име, устав, донесоа двоцифрена инфлација, профитираа од тендери, дури и од вакцини правеа профит. Ветуваа дека ќе ги донесат Фејсбук и Гугл, а единствената инвестиција беше таа во фабриките за марихуана“, рече Мицкоски.

Се прашувам, додаде Мицкоски, „дали човеков е свесен дека ако се слушнат говорите и настапите на Венко кога тие беа власт и сега кога се опозиција, тоа се два комплетно различни света“.

„Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени, или сега е Венко против Венко. Проблем е што мислат дека со ваквите настапи ќе ја продолжат истата песна и мислат дека народот има кратко помнење, но не е така“, посочи Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола се ослободува од дивоградби и непланска бетонизација

Следно

Варените јајца не се лупат? Сварете ги со додавање на една состојка

Latest from Blog

Со печат до илјадници евра – афера што го тресе Центарот за социјални работи во Тетово

Додека Центарот за социјални работи Тетово е потресен од сериозен скандал со незаконско доделување социјални пензии, туѓа нега и надоместоци за попреченост, досега во касата на институцијата се вратени 120 илјади евра

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше наведен како прв демонстрант во Иран кој ја доби најстрогата казна од

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ бара Македонија итно да расчисти со комунизмот и верскиот радикализам за да ја зачуваме државноста

Губењето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува сериозна и потенцијално смртоносна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија и македонскиот народ. За мала држава во чувствителен геополитички регион,
Go toTop