Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет повеќе немаат никаков кредибилитет да продолжат со работа

March 12, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес одговори на новинарското прашање за очекувањата, по изгласувањето на интерпелациите за петмина членови на Судскиот совет.

Тој нагласи дека најмалку што очекува е морална одговорност и да ги напуштат позициите членовите на Судскиот совет, за кои вчера Собранието изгласа недоверба.

-Па јас очекувам најмалку, морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, бидејќи јасно кажаа парламентарците, тие коишто ги избраа, дека тие го изгубија целиот кредибилитет. Дека тие повеќе немаат никаков кредибилитет, да бидат на тие места каде што се. Впрочем тоа тие го докажуваат со изборот на партискиот врховен судија, којшто доаѓа од Демократската унија за интеграција, којшто е вршител на должноста, знаете како гласа, не треба јас тука да објаснувам. Така што, со еден збор, последниот штит кој е во одбрана на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ, се неколкумина обвинители и судии, објасни Мицкоски.

Премиерот напомена дека за него, се алармантни информациите коишто ги добива, којшто се поврзани со однесувањето на прв човек на едно обвинителство, кога слушнал за акцијата, којашто ја спроведуваше пред два дена, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.

-На нив не им е местото таму. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, тогаш нивното место не е во обвинителството, туку е во оние големи хациенди коишто се изградени во Западна Македонија. Но доколку сакаат, навистина да имплементираат правдина, тогаш треба да го сменат своето однесување. Но, тоа што го слушнав како тој човек се однесувал, мислам дека многу скоро од денес ќе се кае. Но, тогаш се плашам, дека ќе му биде доцна, рече тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БиХ ќе го апси, а Додик слави роденден во палатата на Република Српска

Следно

Мисајловски: Сакаме да им дадеме шанса на многу млади луѓе да бидат дел од нашето НАТО семејство

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop