Мицкоски се премислува, а трговците се организираат и си подготвиле маржи по нивна мерка на грбот на граѓаните

February 16, 2025
1 min read

Владата за следната го одложи донесувањето на одлука какви мерки ќе преземе за ублажување на високите цени. Во вторникот министерството за економија доби задолжение да направи листа од 100 групи производи чија маржа ќе биде замрзната до 10%, до крајот на април, но одлука не беше донесена поради реакциите од трговците кои рекоа дека тоа ќе доведе до отпуштање на вработени и затворање маркети.

Владата се повлече, а во петокот, беше ормирана нова комора на трговци која веднаш предложи наместо да се замрзнуваат маржите на над илјада производи, да се направи листа од стотина продукти кои најчесто се користат и нивните цени или маржи да се намалат во договор со производителите и дистрибутерите. Според информациите, оваа листа се уште се работи и утре ќе ја пратат на разгледување во Владата.

Тоа го потврдува сомневањето меѓу граѓаните и експертската јавност дека Владата е во некаква „колиција“ со трговците.

„Неспособноста на Владата на Мицкоски ја турка земјата во економска криза и граѓаните сo право се загрижени. Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема  одговор на растечката скапотија и сирoмаштија. Иако Владата уште во вторникот најави замрзнувањето на маржите, оваа недела измина а одлуката не е донесена. Очигледно, интересот на бизнис елитата за владата е поважен од тоа да ги заштити граѓаните“, оценуваат од СДСМ на прес конференцијата на која се обрати потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.

Според информациите на ТВ Телма, трговците предложиле листа од 140 производи за поевтинување чии маржи ќе се ограничат од 3 до 15 отсто, но од 22 март до 22 април, со што би се покриле верските празници.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

Следно

Николоски: Носиме 35 илјади туристи надвор од главната сезона, огромна промоција за Македонија

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop