Мицкоски: СДСМ и ДУИ сè уште не извлекле поука од катастрофата што им се случи на минатите избори

October 10, 2025
1 min read

Пред големиот број граѓани на народниот митинг во Валандово се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека политичките противници, СДСМ и ДУИ, сè уште не извлекле поука од катастрофата што им се случи на минатите парламентарни и претседателски избори.

-На изборите имаме две опции. Ако некој мисли дека има трета или четврта опција, се лаже. Едната опција е коалиција која обединува три политички субјекти собрани на едно место и водени од две клучни цели. Првата цел е жедта за власт по било која цена, а втората е патолошката омраза која ја имаат кон ВМРО-ДПМН. Тоа е коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица. Таму се удружиле Венко, Али и Симче затоа што жедни за власт не бираат средба како да дојдат до власт, порача Мицкоски.

Втората опција е коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа опција изминатите 15 месеци, не велам дека е идеална. Идеални работи не постојат. Ние никогаш не ветувавме дека ќе испорачаме чуда бидејќи чуда се невозможни, а ние не сме чудотворци. Ние ветувавме дека многу ќе работиме, пред се чесно, ќе биде тешко, но не и срамно и ќе решаваме колку можеме повеќе проблеми кои се наталожиле со децении во минатото. И тоа го правевме, посочи Мицкоски.

Целиот негов говор слушнете го во видеото

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на жалост во понеделник во БиХ во чест на Халид Бешлиќ

Следно

Пратеничката Василевска на Меѓународниот парламент за толеранција и мир во Чад

Latest from Blog

Славески: Цените во земјата остануваат стабилни

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на цените, а регистрираниот месечен раст од 0,4 отсто е статистички изобличен поради драстичниот скок на цените на авионскиот превоз. Ова е

Какво непочитување кон ривалот: Сите зборуваат за потегот на Килијан Мбапе по натпреварот (ВИДЕО)

Финалето на Шпанскиот Суперкуп се играше во Џеда, а Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 и ја отвори 2026 година на најдобар начин. Реал двапати возврати против Барселона, но со гол

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија

Компанијата „Мета“ деактивирала повеќе од половина милион кориснички профили во Австралија како последица на првата во светот забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, соопшти денеска компанијата. Според
Go toTop