Мицкоски: Самитот на НАТО во Хаг можност за билатерална средба со Бугарија, на која би присустувале и Кошта, Фон дер Лајен, Калас, Руте

May 23, 2025
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на средбата во Скопје со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, меѓу другото, разговарале и за билатералната средба со бугарската страна, за нејзиниот формат, кој се би можел на неа да присустуствува и каде би можела да се одржи. Претстојниот Самитот на НАТО во Хаг е добра можност за средбата, на неа би присустувале претедателката Сиљановска Давкова, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ Каја Калас, а составот, како што посочи Мицкоски го прошириле и со можноста за присуство на генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

-Оваа тема започна уште од средбата и посетата на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта. За време на Хашкиот самит во НАТО да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас од Македонија и од Бугарија, бидејќи таму ќе биде претседателката. Тоа би била одлична можност да има билатерална средба, на која би присуствувала и претседателката на ЕК, госпоѓата Урсула Фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, нормално високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас. Го проширивме тој состав и со генералниот секретар на НАТО. Дел од земјите членки во НАТО, нели од нив најголемите тоа се САД, за да можеме да ги кажеме на билатерална средба аргументите, истакна Мицкоски на заедничката прес-конференција со Калас, одговарајќи на новинарско прашање за евентуалната средба на Сиљановска Давкова со бугарскиот претседател Радев и за тоа во каков формат се планира.

Тој истакна дека таа средба би била мошне полезна, бидеќи двете страни изнесуваат свои аргументи и оти е потребно да се седне на иста маса и да се разговара без ралика, колку ќе траат тие разговори.

-Ние веднаш го прифативме тоа. Не знам каков е одговорот од Бугарија. Но ние тоа го прифативме. И денеска повторно тоа заедно со госпоѓата Каја Калас разговаравме на таа тема и апсолутно ја потврдивме нашата определба да опстоиме на тоа што сме го кажале и го прифативме тоа. Разговаравме и со претседателката Сиљановска. Ќе се подготвиме најдобро што знаеме. И мислам добро да има таква средба, на која што ќе може да се слушнат аргументите од двете страни, посебно на маргините на НАТО Самитот, бидејќи како што беше и претходното прашање сето тоа има фоскус и на безбедноста во регионот. Како земја-членка на НАТО ние рефлектираме безбедност, посочи Мицкоски. 

Додаде дека тоа го потврдила и Калас во своето обраќање за македонскиот придонес во регионалните безбедносни иницијативи како што е АЛТЕА во Босна, но тука е и поддршката на земјава за Украина. Мицкоски посочи дека ние сме во првите пет земји контрибутори по глава на жител за Украина и додаде дека и натаму ќе продолжиме да помагаме.

-Така што, ние сме фактор на стабилност, и така треба да се однесуваме во регионот. И затоа треба да зрачиме со стабилност. За жал, има сили во регионот коишто рефлектираат, сакаат да рефлектираат нестабилност. И затоа добро би било да ги имаме сите аргументи на еден ваков билатерален состанок, би било многу добро тие да се слушнат…Можеби од таа страна ќе слушнеме некои аргументи коишто до сега не сме ги знаеле, каде исчезнаа, да речеме, 200 илјади Македонци во Западна Бугаијра од ’56 до ’65, истакна Мицкоски.

Во однос на тоа дали ќе прифати медијација за да се надминат разликите со Бугарија, Мицкоски одговори потврдно.

-Да. Апсолутно подготвени сме да разговараме на ниво на билатерални разговори, на ниво на партнерски односи во рамките на НАТО Алијансата. Кој било, кој што сака да помогне подоготвени сме да разговараме. Со секого сме подготвени да седнеме и да разговарме и да прифатиме каква било медијација…Ние сакаме решение, решение коешто ќе биде достоинствено и долготрајно. Се изморивме од континуирани блокади коишто се однесуваат на билатерални прашања. Дајте решение коешто ќе биде единствено континуирано и оставете ние да си ја завршиме дома домашната задача, па да видиме кој ќе биде фронтранер, кој нема да биде, нека судат потоа сите оние, рече Мицкоски.

На прашањето дали се работи на нова дефиниција на уставните измени, тој потенцира дека најголемиот виновник зошто се наоѓаме сега во ваква ситуација е претходната влада.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Еноси“: АЕК се надева на пресврт во Скопје

Следно

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

Latest from Blog

Долги колони на граничниот премин Богородица

Голем метеж и долги колони возила се забележани денеска на граничниот премин Богородица, во правец кон Грција. Поради зголемениот број патници и туристи, чекањето на излез од државата се одвива со забавено

ДУИ: Зошто „Охридско лето“ ги изостави Албанците во програмата

Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одржува без никаква застапеност на албанската култура во официјалната програма. Во земја каде што Албанците сочинуваат значаен дел од

Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, во предвечерието на Денот на Бастилја, изјави дека „слободата никогаш не била толку загрозена“ од крајот на Втората светска војна во 1945 година како што е сега
Go toTop