Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

November 14, 2024
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО).

По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.

„Да, тоа е навистина фантастична вест, тоа е нешто позитивно за нас како држава. „СОКАР“ е гигант, „СОКАР“ е огромен гигант, како компанија „СОКАР “веќе и доставува повеќе од дваесет PSM во Европа. Тоа се дваесет милијарди нормални метри кубни гас во шест земји до овој момент и таа бројка се зголемува, сега и со нас.

Преку „СОКАР“, ЕСМ се снабдува во последниот квартал од оваа година со гас, за затоплување и производство на електрична енергија. Тоа во бизнисот за гас во суштина е прв квартал. Следната година, нашиот прв квартал, во бизнисот за гас ќе биде втор квартал, така малку кај нив поинаку функционира.

-Очекувам дека со овој меморандум и уште пониска цена ќе добиеме. Такви се очекувањата и она коешто јас сум го разговарал со државниот врв во Азербејџан. И навистина со ова покажуваме дека подготвени ќе ја пречекаме зимата и дека нема да имаме проблем во снабдувањето со енергенси“, изјави премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меџити: Јазикот е клучниот елемент на националниот идентитет

Следно

Џамија во Германија собра симпатии откако понуди место за градинка оштетена во поплавите

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop