Мицкоски: Покажавме во општина Гази Баба дека промените можат да се случат и тие стануваат реалност, во 2023-та за капитални инвестиции ќе се инвестираат повеќе од 150 милиони денари

January 14, 2023
1 min read

„Поминавме тешка година за нас и нашата општина. Година во која решававме многу напластени проблеми, но и заедно донесовме многу решенија. Година во која покажавме дека промените можат да се случат и тие стануваат реалност. во новата 2023-та година влегуваме со голема енергија, и остварување на крупни проекти. Затоа што дадениот збор ни тежи и вистински вреди“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Стефковски додаде дека заедно со граѓаните на општина Гази Баба се креираше буџет кој е по мерка на нивните потреби и барања.

„Следува во која ќе решаваме крупни проблеми и ќе оствариме крупни потреби на граѓаните. Младиот Виктор Петковски од Хиподром заедно со неговата генерација ни предложија проект за изградба на спортски комплекс на местото на старото училиште „Вера Јоциќ“. И овој проект го ставивме во буџетот за 2023-тата година. Наташа Атанасова во името на родители ја даде идејата за обезбедување на бесплатни ученички униформи. И со радоста можам да кажам дека и таа идеја ја опфативме во новиот буџет и во 2023-тата година сите ученици ќе добијат бесплатни ученички униформи“, рече градоначалникот на општина Гази Баба.

Тој најави дека во 2023-тата година ќе се направат и други капитални проекти. Имено, жителите на Трубарево ќе добијат нова детска градинка. А, учениците од Булачани ќе добијат нова училишна спортска сала. Ќе продолжи и изградбата на нови фекални канализациони системи, а ќе се асфалтираат и нови над 30 улици.

„Заедно да креираме иднина за подобра Гази Баба. за промени кои вие ги чувствувате“, укажа Стефковски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека изминатата година општина Гази Баба инвестираше 110 милиони денари во нови крупни проекти. И покрај сите опструкции, кочење и препреки на Владата, Општина Гази Баба покажа дека промените се можни и дека тие мали победи се заедничка радост и дека овие дела ќе прераснат во голем бран на промени кои мора да донесат подобар живот за сите граѓани.

„Во годината што следува за капитални инвестиции во вашата општина ќе се инвестираат повеќе од 150 милиони денари. Општина Гази Баба по многу години застој ќе добие нова детска градинка во Трубарево, и нова училишна сала во Булачани, како и многу други проекти. Многу граѓани ќе видат како на дело и со силна посветеност ќе се решат многу проблеми. Заедно, сложно и одговорно, затоа што нашиот збор е наша обврска. За заедничка иднина, промените на дело“, истакна Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Следно

Егзекуцијата на Акбари за Лондон е „кукавички чин на варварски режим“

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop