Мицкоски одлучи: Не го праќа писмото – чека Бугарија да го ратификува договорот и да почнат Уставни измени

October 26, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски по 10 дена размислување се одлучи да не го праќа писмото до Брисел поврзано со евроинтеграцискиот пат и сега вели дека такво нешто е беспредметно бидејќи за тоа е веќе разговарано со европските лидери. Но дали е можно уставните измени да се случат до крајот на годинава како што за тоа веќе неколку пати оптимистички тврди министерот за здравство Арбен Таравари од редовите на ВРЕДИ. Мицкоски вели дека тие ќе се случат кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол на земјава во ЕУ.

„За да почне процесот на уставните измени потребно е тоа кое што ние го предлагаме да биде прифатено и ние можеме да го почнеме по тој принцип а тоа е дека кога бугарскиот парламент ќе го ратификува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија да важат тие уставни измени што мислам дека е фер решение за сите имајќи ја предвид состојбата во која што не втурна Владата во која што клучниот збор го имаше Бујар Османи“, вели Христијан Мицкоски.

Ваквиот предлог за уставните измени со одложено дејство бил на маса и во разговорите на Мицкоски со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани на вчерашниот брифинг со новинарите рече и дека Фон дер Лајен ваквиот предлог не го одбила што остава простор за потенцијално решение. Мицкоски не сакаше да коментира, само кратко одговори.

„Ве молам да му дадеме време на времето“.

За тоа што ќе се случува во иднина во многу зависи и од претстојните избори во Бугарија што ќе се случат утре и дали ќе се избере стабилна Влада. За тоа кој посакува да биде на чело на Владата, Мицкоски вели дека не може да каже кој во иднина би бил подобар соговорник, но дека сепак посакува да победи партијата на Борисов ГЕРБ бидејќи е од исто семејство на европски народни партии.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Диме Чучуро, во рани зори  ќе ги искачи 105-те скали на саат кулата во Прилеп за да ги намести сказалките на часовникот

Следно

Трипуновски: Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да
Go toTop