Мицкоски очекува извештајот на ЕК за напредокот на државата да биде сличен како минатогодишниот

October 30, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, што треба да биде објавен денеска, да биде сличен како и претходниот извештај со одредени подобрувања во некои области.

Во изјава за медиумите дадена денеска во општина Ѓорче Петров, премиерот рече дека ќе даде свое мислење за извештајот откако тој ќе биде објавен.

– Од овој извештај од тоа што можам да го добијам како неофицијална информација опфаќа период од 10 месеци од претходната влада и техничката влада, два месеци од оваа Влада и е нешто помал бидејќи е променет форматот за да биде прегледен за граѓаните и за јавноста. Очекувам да биде нешто слично како и минатиот извештај, можеби во некои области да има некакви подобрувања, но да го добиеме и официјално, па ќе го коментираме, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Програмерски хакатон во македонското Собрание

Следно

Мицкоски ќе го чека мислењето на ДКСК за директорот на АНБ Христовски, тврди дека има сертификат за државна тајна

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop