Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме сè да најдеме решение

November 16, 2024
1 min read

Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. Уставни измени сигурно не планираме, вели премиерот Христијан Мицкоски.

-Тоа сигурно не се планира. Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. И тоа го направивме во изминатиот период. Дали ќе има некаков напредок – не знам, дали ќе има промена на нашата позиција – нема да има. Затоа што нашата позиција се темели на принципи и аргументи и тоа сме го кажале барем досега стотина пати. Доколку има волја има и начин. Тоа не зависи само од нас. За танцување треба двајца, некогаш можеби и повеќе, но во случајов треба да имаме некој соговорник кој што ќе сака да разговара. Ние сме подготвени, секаде ја претставуваме нашата позиција и ќе продолжиме да ја претставуваме и спротивни аргументи не сме слушнале на нашите аргументи. Веќе нема аргумент -тоа е тоа, земете или оставете, тоа веќе не е, сега имаме поинаква позиција. Сега позицијата е дајте да најдеме решение. Дали ќе постигнеме напредок за месец – два, шест месеци не знам, дали ќе дадеме се од себе- ќе дадеме, рече Мицкоски на новинарско прашање колку се реални очекувањата за некакво придвижување на евроинтеграциите до крајот на годината, поради актуелните случувања во Бугарија со неуспехот за избор на претседател на Парламентот или се планираат уставните измени.

Тој најави дека во декември два пати ќе престојува во Брисел, каде ќе може повторно да разговара за нашето прашање поврзано со деблокада на евроинтеграциите.

-На почетоткот од декември ќе има билатерален тет а тет разговор со Кошта, по што ќе учествува со него на вечера со другите лидери од Западен Балкан. На крајот на декември има самит ЕУ – Западен Балкан на кој ќе присуствуваат канцеларот Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и други авторитети од ЕУ. И ќе се бориме, нема да седиме со скрстени раце или со бело знаме да мавтаме, како што беше до сега. Ќе се бориме и битно е да победуваме, и мислам дека од поразите што ги нижевме изминативе седум годии постепено полека излегуваме од таа летаргија и почнуваме да победуваме, малку ситно, но победуваме, тоа е нашиот план, таа е нашата агенда, рече Мицкоски по присуството на поставување камен темелник за надградба на ООУ Ацо Шопов во населба Радишани, Општина Бутел.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Следно

Мицкоски признава дека неговиот план за ЕУ не дава резултати

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop