Мицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра и вработување на околу 100 луѓе

October 17, 2024
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на којшто Владата е силно фокусирана, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголемат до крајот на годината.

„Да, да тоа е исто така убава, добра вест. Имаме една нова инвестиција којашто е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување.

Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме, ова е инвестиција на компанијата „Бреjнчаjлд“. Вредноста е некаде околу осум и пол милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 квадратни метри.

Така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште, уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината“, изјави премиерот Мицкоски.

Носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните. Затоа Владата посветено работи и ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој и целосна трансформација на државата. Да се отвораат нови работни места, добро платени,

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Радев: Бугарија треба повторно да ја преземе водечката улога на Балканот

Следно

Светска банка: Речиси еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство

Latest from Blog

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер
Go toTop