Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

November 6, 2025
2 mins read

Европската комисија го објави Годишниот извештај за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија.

Извештајот не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој земјата одговара на долгорочните европски приоритети.

Она што е најважно да се каже на почетокот е дека Владата останува 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, што претставува важна придобивка за карактерот на нашите меѓусебни односи и за нивото на нашата посветеност кон европските вредности.

Во извештајот се нотира дека во некои области постои „одреден“ или „ограничен напредок“. Конкретно, нема области со назадување, а во четири поглавја е забележан „добар напредок“. Во едно поглавје, „Слободно движење на капитал“, дури е зголемено нивото на подготовка, благодарение на приклучувањето кон SEPA и спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање на тероризам.

Комисијата ги поздравува чекорите направени во делот на економијата, со стабилен банкарски сектор, умерен раст на БДП, усвојување на Законот за јавна внатрешна контрола и назначувањето на членовите на Фискалниот совет, мерки кои ја зајакнуваат фискалната дисциплина и транспарентност.

Позитивни оценки има и за дигитализацијата, модернизацијата на јавната администрација, воспоставувањето на системите за е-набавки и зајакнувањето на сајбер-безбедноста.

Напредок е забележан и во образованието, науката и младинските политики, особено преку зголеменото учество во програмите Horizon Europe и COST.

Во областа на инфраструктурата, Европската комисија ги нотира големите активности околу Коридорот VIII, TEN-T мрежата и новиот Закон за енергија со кој се отвора патот кон зелена и праведна транзиција.

Континуирано ја унапредува својата подготвеност во областа на слободата на изразување и медиумските слободи. Важно е да се потенцира делот дека е постигнат реален напредок во клучни сегменти на медиумската регулатива и институционалната независност.

Особено за финансиската независност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која е зајакната и тоа претставува важен чекор кон транспарентно и професионално медиумско работење. Дополнително, изборот на новите членови на Советот на АВМУ од страна на Собранието ја потврдува заложбата за демократски процес и институционална стабилност.

Овие чекори придонесуваат кон зајакнување на јавниот интерес.

Во однос на законодавната рамка, иако се потребни дополнителни усогласувања со европското законодавство, особено со Европскиот акт за медиумска слобода (EMFA), на кои во идниот период ќе работиме, веќе се направени конкретни чекори напред во Законот за медиуми. Ова е показател дека како Влада активно работиме на приближување кон европските стандарди и на создавање правна рамка која ја гарантира медиумската слобода и плурализмот.

Се разбира, извештајот посочува и на предизвици што државата мора да ги адресира со уште посилна динамика.

Предизвици постојат во делот на владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Политичката поларизација и недоволната соработка меѓу институциите остануваат пречки што ја забавуваат имплементацијата на реформите.

Оваа Влада не само што е свесна за тие предизвици, туку веќе работи на нивното надминување.

Поставени се нови приоритети за реформа на судството, за зголемување на одговорноста и за воспоставување на јасни критериуми за оценување на судиите и јавните обвинители.

Во делот на антикорупцијата, процесот на целосна дигитализација на јавните набавки и на транспарентноста на буџетските расходи ќе продолжи во 2026 година.

Во однос на јавната администрација, Владата е решена да го прекине долгогодишниот модел на партизација и да воспостави систем во кој компетенцијата и професионалноста ќе бидат единствените критериуми за напредување.

Паралелно, продолжуваат и активностите за подобрување на условите во затворите, за унапредување на човековите права и за социјална интеграција на ранливите категории.

Дами и господа,

Како Влада останува целосно посветена на европскиот пат и на реформите кои ја прават државата посилна, пофункционална и поправедна.

Ќе ги адресираме сите области каде што е забележан застој, со конкретни мерки, јасни рокови и отчетност.

Нашата цел е полноправно членство во рамките на Европската Унија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орце Ѓорѓиевски го презеде мандатот со ветување за чесна и одговорна администрација

Следно

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта

Latest from Blog

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од
Go toTop