Мицкоски и Меџити на средба со директорот на ЕИБ Бјорн: Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава

November 8, 2024
1 min read

Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн и првиот вицепремиер Изет Меџити одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат од Владата на Република Македонија.

Оваа денешна средба е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, а ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините.

Денеска испративме силна и јасна порака дека нашата Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава, се вели во соопштението на Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски и Меџити на средба со директорот на ЕИБ Бјорн: Владата искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава

Следно

ДКСК: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop