Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово

December 16, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово.

Мицкоски ова го потенцира во вечерашното гостување во „Click Plus” на ТВ21 кое треба да емитува со почеток од 21:30 часот.

-Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.

Премиерот во интервјуто посочува дека е донесена одлука за продолжување на реализацијата на коридорите 8 и 10Д, оти ако бил откажан проектот од „Бехтел и Енка“, државата ќе требало да исплаќа милиони.

-Кога требаше да се оценува проектот на Бехтел и Енка. Апсолутно и натаму го оценувам како најкриминален. Ако сега го откажам вас, нас и идните генерации ќе не чини милиони, затоа добив кнедла, добив политички куршуми, и решив да го решиме час поскоро. Мислете вие мило ми беше. Го имам истиот став, и за фирмата за гаќите, истото го имам, рече тој.

Посочи дека 25 милиони евра одвоиле од буџетот за финансирање на Универзитетот „Мајка Тереза“ и за ова бил нападнат од неговите колеги, но тоа, рече тој, никого не го интересира.

– Знаете колку бев нападнат од моите колеги од скопскиот универзитет? Знаете ли колкави беа ударите од „Кирил и Методиј“ врз мене… Еве јас сум професор таму или тоа никого не го интересира, бидејќи тоа не се споделува во тој микрокосмос. Можам да ви редам многу вакви примери каде што ние треба да покажеме единство, вели Мицкоски.

Тој се осврнал и на неодамнешните настани и порача дека за прв пат биле одговорни пред органите оние кои го запалиле албанското знаме. -Никогаш порано тоа не се случило. Е да, одговорни се тие кои што го палеа македонското знаме, национално, бидејќи тоа ни е заедничко, додава Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото бебе на Детска клиника во Скопје

Следно

Агелер за Владата: Наследија многу предизвици, но постигна значителен напредок

Latest from Blog

Велика Британија ги соопшти темите за самитот на Берлинскиот процес во Лондон: Миграцијата е на прво место

(Амбасадата на Обединетото Кралство го објави воведниот коментар на специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дејм Карен Пирс, за претстојниот есенски самит на Берлинскиот процес во Велика Британија) За Обединетото

Руска осуда на американските напади врз ИРАН во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија

Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави  постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. САД ја отворија Пандорината кутија.  -Никој не знае какви нови катастрофи и

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија ја напушта коалицијата со СДСМ. Ова било решено на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени
Go toTop