Мицкоски: Фантом фирми црпеле од буџетот, на тоа се става крај, за прв пат во октомври имаме суфицит во буџетот, притоа зголемени плати и пензии

December 10, 2024
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Отвореното студио на тема Буџет 2025 на МТВ посочи дека веќе нема фантом фирми кои црпат пари од државната каса со фиктивни фактури за поврат на ДДВ, како и дека поради тоа во октомври за прв пат во Буџетот има суфицит со што се исплатени повисоки пензии, повисоки плати во образованието и здравството.

-Ние може после подолго време имавме суфицит во Буџетот и тоа беше во октомври од прилика милијарда и 125 милиона денари. И тоа претставуваше еден добар успех за Владата и тоа помогна во санирање на некои состојби прилично. Зборам од аспект на ликвидноста. Во делот на борбата со сивата економија, можам да кажам дека растот на приходите кој што доаѓаат изворно од работењето и на УЈП и на Царината се мери најчесто во двоцифрен број проценти, 12, 15 дури и повеќе од 20 проценти. Тоа значи дека нема веќе фантом фирми кои што побаруваат поврат на ДДВ, вели Мицкоски и додаде:

„Шести месец откако сме Влада многу од фантом фирмите кои што често пати пота биле банкротирани, препродавани на луѓе кои што не постојат надвор од земјата предизвикувале таква дупка во Буџетот што на моменти се доведувала и ликвидноста под знак прашалник. Е сега тоа веќе го нема. Принципот „како до сега го нема“ и од тие причини се појави овој суфицит кој за нас многу значи, а замислете во исто време имаме зголемени пензии, во ноември веќе од аспект на ликвидноста и зголемени плати во секторот на образование на здравство и слично.“

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сиљановска Давкова на конференцијата „Превенција и заштита од насилство врз жени и девојчиња: Мора да се справуваме со корените, а не со последиците

Следно

Протестен марш под мотото „За чист воздух“

Latest from Blog

Мицкоски: Срамота! Трговците се служат со трикови, тоа нема да го дозволиме

Премиерот Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање околу новогодишната кошничка. Тој рече дека некој ланец на маркети се служат со трикови, и дека денеска на седница на Влада ќе побара подрастични мерки.

Трајаноски: Обидот на Вучиќ да ги дискредитира студентските протести, потсетува на едно мрачно време во Македонија

Сериозни проблеми со цензурата, пропагандата и лоша економска ситуација, во својот Фејсбук статус Жарко Трајаноски,  раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА детално ги опиша состојбите кои го шокирале

Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува. СДС со години знаеја за криминалот на Груби, во прва линија го дозволија, а потоа и му

Анализа: Сите се откажуваат од „војникот“ на Ахмети, се чека Командантот да му стави „точка“

Јас сум војник на Ахмети, ќе рече Артан Груби на 9-ти мај залауфан и во момент на искреност во поткаст пред социјадемократските доајени во „Политиканти“. Невобичаен чин на јавен израз на потчинетости

Израелската војска изврши напади врз болници во северна Газа

ГРАД ГАЗА (АА) – Израелската војска продолжи да напаѓа болници додека Тел Авив продолжува со смртоносната офанзива во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Очевидци изјавија дека израелските сили извршиле опсада
Go toTop