Мицкоски чувствува дека Груби ќе се врати: „Нашите коментари за обвинителството имаат позитивна улога“

December 31, 2024
1 min read

Прашање на време е кога бегалците од правдата ќе се вратат, истакна премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги потерниците за поранешните функционери Артан Груби и Васко Ковачевски. За тоа на што го темели ваквиот оптимизам, Мицкоски одговори:

„На искуството коешто вели дека правдата е спора, но секогаш доаѓа, порано или подоцна. Не мислам дека ќе има исклучок и во овој случај, имам такво чувство, па да видиме дали чувството ме лаже или не“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во однос на недостапноста на Груби, Мицкоски неодамна апелираше обвинителите да го повикаат на разговор претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Ова следува откако Ахмети кажа дека Груби е на албанска територија, но потоа првиот човек на ДУИ за ТВ21 ја појасни изјавата.

„Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава беше базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата Македонија-Косово. Верувам силно дека секој граѓанин, вклучувајќи го и господинот Груби заслужува еден правичен и неселективен судски процес далеку од селективното применување на правото“, вели Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Инаку, Мицкоски се осврна и на критиките за неажурност на обвинителите. Тој рече дека се одлучил веќе да не го коментира Обвинителството, но сепак има исклучоци.

„Кога ќе видам дека Обвинителството калкулира тогаш ќе си дозволам да го коментирам. Последниот пат тоа го направи министерот за внатрешни работи на прашањето „зошто немаше потерница за Васко Ковачевски“ и видов дека во следните ден-два се корегираше Обвинителството. Тоа значи дека нашите коментари имаат позитивна улога“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

За Груби и поранешниот директор „Државна лотарија“, Прпарим Бајрами веќе има меѓународна потерница зашто се осомничени за проневера на осум милиони евра. Што се однесува до ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, тој е еден од осомничените за проневери за набавка на адитиви за РЕК Битола. Од вчера и тој се најде на листата на лица со меѓународна потерница по наредба на Обвинителството.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нови 221 случај на грип пријавени минатата недела во државава

Следно

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица

Latest from Blog

Шефот на ОН: Потрагата по храна не смее да биде смртна пресуда за Палестинците во Газа

ХАМИЛТОН (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, денес предупреди на растечката хуманитарна катастрофа во Појасот Газа, нагласувајќи дека „потрагата по храна“ не треба да биде „смртна пресуда“, јавува

Нестабилно време во Македонија со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – се огласи и УХМР

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град има во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион. Претходно УХМР објави за невреме

„Диџеј Ахмет“ ги освои трите први награди на престижниот фестивал на уметнички филм во Кошице

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, во режија на Георги М. Унковски, оствари голем успех на престижниот Меѓународен фестивал на уметнички филм во Кошице (IFF Art Film Fest Kosice 2025), освојувајќи три награди „Син

Седум нови лека на онкологија, двојно е зголемен условниот буџет за биолошка терапија

Седум нови лека за третман на меланом, на дојка, на бели дробови, на мочен меур и на простата се обезбедени со последниот буџет на клиниката за онкологија. Директорот д-р Игор Стојковски во
Go toTop