Лашкоска: Се реафирмира соработката со Чешка Република во областа животна средина

March 11, 2025
1 min read

Заменик министеркатаза животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска учествува на 3-тата сесија на Чешко-Македонскиот заеднички комитет за економска соработка која се одржува во Прага, Чешка Република.

-Во рамки на оваа официјална посета, заменик министерката Лашкоска оствари билатерална средба со заменик министерот на чешкото Министерство за животна средина  Франтишек Талир. На средбата, од двете страни беше реафирмирана досегашната соработка меѓу двете држави во областа животна средина и се отворија нови можности за продлабочување на истата, особено во делот на управување со водите, инвентаризација на опасните хемикалии, квалитетот на воздух и заштитата на природата, информираат од МЖСПП.

Третата  сесија на Чешко-Македонскиот заеднички комитет за економска соработка, завршила со потпишување на Протокол за соработка помеѓу министерката за енергетика, рудатство и минерални суровини, Сања Божиновска во име на Владата на РМ и заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република Јан Кавалирек.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор

Следно

Мицевски: СДС и ДУИ се единствени виновници за катастрофалните состојби во судството

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop