Митовски: Водата во Крива река е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето

March 28, 2025
1 min read

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски рече дека ќе бара кривична одговорност од одговорните и дека водата на Крива река во Крива Паланка е опасно загадена по хаваријата во рдуникот „Тораница“, а во неа истекле тешки метали и цијанид.

Тој откри дека во водата има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор.

– Согласно извештајот од акредитирана лабораторија „Технолаб“ од Скопје, водата во Крива река, по земените примероци еден ден по настанувањето на хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето. Извештајот по направеното тестирање на квалитетот на водата во Крива Река покажува неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината на олово присутно во водата – рече Митовски на прес-конференција.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алармантно загадување на Крива Река: Десеткратно зголемено присуство на штетни метали

Следно

Најмалку 28 загинати и 81 затрупан по силниот земјотрес што ги потресе Мјанмар и Тајланд

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop