Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

September 24, 2024
1 min read

Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај ним блиски фирми и лица, наместо во проекти од општо добро и значење, рече на денешната прес-конференција пратеничката Марија Митева.

Нашите тврдења, сега се поткрепрни и од Државниот ревизор, со ревизијата завршена во мај 2023 година, која точно посочува како се трошеле стотици милиони евра народни пари. Имено во извештајот се констатира дека преку Владината потпрограма Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства. Тоа се цели 100 милиони евра. За да може да разбереме колкава штета е направена, ќе нотираме дека изградбата на нов Клинички центар во Скопје со оставен проект во 2017 година ќе чинеше 120 милиони евра. Значи владата на СДС и ДУИ за една година на сомнителен начин поделила пари колку за еден нов Клинички центар во Скопје. Се разбира никој не знае како се поделени истите, ниту што е ефектот. Кога се прашуваме зошто власта на СДС и ДУИ за 7 години не направи нов Клинички центар, а иако имаа готов проект, еве го одговорот. Наодите на ревизија се уштр пострашни во продолжение, имено тие велат дека при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Што во буквален превод значи, владата воопшто нема претстава каде завршиле цели 33 милиони евра од 100 милиони кои ги делела без јасно утврдени критериуми, истакна Митева.

Ова е само еден дел од злоупотребите констатирани од ДЗР за само една буџетска година, деновиве ќе продолжиме со изнесување детали од истиот Извештај во однос на други неправилности. Одговорност мора да има, додава Митева.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

Следно

Израел погоди 1.600 цели на Хезболах, над 500 загинати

Latest from Blog

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија

Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС. Филипче е лице кое што на македонската

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може
Go toTop