Митева: Решителноста за работа по закон од страна на Владата не треба да се перцепира како вршење на притисок во Судскиот совет

February 12, 2025
2 mins read

„Беа споменати многу работи и констатирани состојби, но некако никаде не слушнавме што е суштината на целата оваа состојба. Прво велите дека поставеноста на власта е во рамки на Законодавна, Извршна и Судска и тука ќе се согласиме сите, тука апсолутно немаме никаква дилема. На самиот крај од вашиот говор, пак велите зошто ги разрешувате само пет луѓе од Судски совет, а притоа свесни сте дека Собранието е тоа коешто ги избира тие пет лица на коишто се бара нивно разрешување“, прецизираше во своето излагање портпаролката на Влада и член на Извршен комитет, Марија Митева во вечерашното гостување во дебатната емисија „Објектив“ на МРТ осврнувајќи се на работата на Судски совет.

Митева во својот говор објасни дека соговорникот од опозициската СДС, нема конзистентност во својот говор. Имено, таа објасни дека опозицијата не превземала дејствија за да ја реши состојбата во правосудството, иако граѓаните имале ниска доверба во истото.

„Што значи, доколку барате сега од претседателот на Владата да бара разрешување на целиот Судски совет, тогаш вие сте тие коишто предлагате како политичка партија власта да се меша во работата на Судската власт. Така што, немате конзистентност во говорот од самиот почеток до крајот. Дополнително, морам да констатирам дека тезата којашто ја користите во рамки на тоа како е поделена власта е само уште еден аргумент којшто го потврдувате годините наназад додека ја практициравте власта, и некако тоа го гледавте како аргумент за да не превземете дејствија со коишто ќе се справите со ниската доверба којашто ја имаат граѓаните во правосудството, затоа што ценам дека на вас и на вашата политичка партија таквата состојба ви одговараше во правосудниот систем во целина“ , децидна е Митева.

Митева додаде дека дека Владата даде шанса на членовите на  Судскиот совет со цел да го превземат  и спроведат правото онака како што е напишано во самите закони по коишто треба да постапуваат.

„Е сега, која е разликата? Ние имаме велите осум месеци, за овие осум месеци ги слушавте изјавите и на Претседателот Мицкоски и на претставници од ВМРО-ДПМНЕ во коишто велевме не сме ние како Социјалдемократскиот сојуз, нема со една одлука на владина седница да разрешиме се веднаш што било поставено од Социјалдемократски сојуз. Нешто што вие далечната 2017 година го направивте со една одлука на влада. И велевме, да дадеме шанса на тие луѓе, да видиме како ќе работат, да ги мотивираме, да ги охрабриме да го превземат правото онака како што е напишано во самите закони по коишто тие треба да постапуваат“ , додаде Митева.

Митева објасни дека ветувањата од предизборитето што ВМРО-ДПМНЕ ги даде на граѓаните мора да се реализираат, додавајќи дека решителноста за работа по закон од страна на Владата не треба да се перцепира како вршење на притисок во Судскиот совет.

„Ние континуирано во овие осум месеци гледаме работење спротивно на истото. Ние излеговме пред граѓаните на избори пред само осум-девет месеци, ние дававме ветувања почитуван пратеник Милевски. Мора да постапиме пред тоа што сме го ветувале. И не можам да се согласам дека една ваква желба за работење во согласност со закон некој ќе ја смета за притисок или влагање во работата на Извршната во Судската власт. Комплетно не се согласувам, комплетно сметам дека граѓаните тоа го очекуваат од работата на Влада. Самиот велите дека таму има во Оценската мисија препораки коишто се вкупно 40, а 17 се обврска на Судски совет. Можете да ми кажете колку од тие Судскиот совет има исполнето? Јас бев пратеник во Собрание кога го гледав извештајот на Судски совет, немаше ниту една од тие наведени во Извештајот дека тие ја испочитувале и исполниле. Дали тоа е доволен показател дека тој Судски совет не постапува по препораките“, заклучува Митева.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ја повика новата сириска Влада да ја преземе контролата врз камповите и ДЕАШ-затворите

Следно

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Проверено од институциите – нема токсична туна во Македонија!

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop