Митева: Потребен е општествен систем кој ќе се спротивстави на незаконски дејанија од страна на судиите и конечно владеење на правото

February 16, 2025
1 min read

„Еден од најскандалозните случаи е фаќањето на врховен судија и член на Совет на јавни обвинители, односно јавен обвинител и потпретседател на Советот за јавни обвинители, значи покрај тоа што е член, покрај тоа што ја обавува јавно обвинителската функција добил позиција да биде и позиција потпретседател на Совет за јавни обвинители кои треба да се грижи и треба да е чадор над сите јавни обвинители“, истакна портпаролот на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Реформи во судството, чекор кон ЕУ“.

Митева продолжи и додаде:

„Додека бев пратеник во Собранието разгледувајќи го годишниот извештај за 2023 година на Советот на јавни обвинители истражувајќи ја отворив веб страната на Советот на јавни обвинители. На еден од записниците кои беа објавени, а непосредно се однесува на седница која била непосредно по откривањето на овој случај по признавањето кое го имавме од врховниот судија и од јавниот обвинител. Најдовме записник во кој претседателката на Советот на јавни обвинители ги информира членовите на Советот на јавни обвинители дека потпретседателот односно Јавниот обвинител Мемети ќе престане да ја обавува својата функција откако ќе се врати од одмор. После ваков скандалозен случај сега веќе претседателот на Совет на јавни обвинители го штити оној кој направил кривично дело за кој цела македонска јавност беше сведок и самата во записник ги информира сите членови на Советот на јавни обвинители дека овој Јавен обвинител, потпретседателот нејзин кој направил криминал ќе се повлече од функцијата меѓутоа откако ќе го искористи правото на одмор“, вели Митева.

Митева посочи дека потребен е општествен систем кој ќе каже стоп на ваквите дејанија и конечно владеење на правото

„Мора да постои систем кој ќе се спротивстави на ова, не зборам само како Влада, како извршна или како законодавна власт, туку говорам како систем општествен кој ќе каже дека потезите кои било кој ги презема а се во насока на стопирање на ваквите дејанија и на конечно владеење на правото“, заклучи Митева.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доаѓа првиот чартер на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје

Следно

Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на 48.271 откако од урнатините се извлечени 6 тела

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop