Митева до Дамева: Судски совет треба да одговори дали правдата е задоволена, а не да зборуваме за статистики

October 3, 2024
1 min read

Сметам дека е многу некоректно да давате класификации и дефиниции за тоа од каде е добиен тој процент на доверба и тоа го темелите врз основа на решените или нерешените предмети во извештајот, рече пратеничката Марија Митева на денешната расправа во собраниската комисија на тема Извештај на ЕК за Македонија за 2023 година.

Митева појаснува дека не е важно било која страна да биде задоволна, туку е важно правдата да биде онаа која е задоволена.

Според неа „На 2% доверба во судството да се отвара прашањето лично и да се зборува дека не се знае како е дојдено до тоа и дополнително дека јавноста треба да биде посуштински навлезена во работењето на судовите е навреда, пред се кон граѓаните кои многу директно ги чувствуваат криминалот и корупцијата кои владеат во судството.

Митева обраќајки се до Дамева од Судскиот совет укажа дека таа добро маневрира со говорот и зборовите со цел да не се фрли дамка врз судиите и тоа од причина што се смета дека така ќе се избегне реалната слика.

Како пример Митева го посочува случајот со одлуката на судијата Пајазит Пајазити кој определи куќен притвор кај роднина, нешто невидено до сега, а дискусија по однос на ова воопшто немаше и некако случајот се заобиколи.

Она што јавноста очекуваше од вас како Судски совет и требаше да се направи, не видовме таква дискусија која навлегуваше во суштината на оваа катастрофа”, и се обрати Митева на Дамева и додаде уште една небулоза, ,,Замислете Судскиот совет во сопствениот извештај за сопственото работење наведува препораки, истакна Митева,

Изминатата година сте детектирале слабости самите на себе, сте си донеле извештај со кој си препорачувате што да направите и за истото тоа самите на себе сте донеле заклучок, посочи Митева

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за скопски градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување

Следно

Милевски: Сите домашни и меѓународни оценски анализи укажуваат на тоа дека работата во судството и правосудството не е како што треба

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop