МИТ ја неутрализираше Ремзија Алтиг, високорангирана терористка на ПКК

December 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Национална разузнавачка служба (МИТ) на Туркије со успешна операција во регионот Камишли во Сирија ја неутрализираше терористката Ремзије Алтиг, една од т.н. чувари на оптекот на пари на терористичката организација ПКК/ЈПГ, известува Анадолу.

Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ утврди дека терористката Ремзије Алтиг, со кодно име „Вијан“, спроведувала активности во Сирија во согласност со упатствата што ги добивала од т.н. висок персонал на организацијата.

Алтиг, која внимателно била следена од специјален тим на МИТ, е неутрализирана во акција спроведена во Камишли.

Се дознава дека Алтиг претходно, во 2016 година ги организирала демонстрациите во организација на младинската структура на терористичката организација ПКК/КЏК во Мерсин и учествувала во оперативното планирање на организацијата.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската унија и во САД.

Во текот на повеќедецениската кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и новороденчиња. Оваа терористичка организација делува и во северните делови на Ирак и на Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона во театар Комедија

Следно

Јаневска за „судијата“ Ељведин: А Деканот и Ректорот што правеле?

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop