МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ СТЕ ПОВЕЌЕ, ПАНТА НИ ОСТАВИ ФИЛМСКО НАСЛЕДСТВО, НО МНОГУ РАБОТИ ЗАБОРАВАМЕ, РЕЧЕ ИЛИНДЕНКА ПЕТРУШЕВА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА МИЖИМАКОВ

March 10, 2025
1 min read

Мислев дека ќе сте повеќе, Панта ни остави наследство, ама многу работи забораваме, рече филмологот Илинденка Петрушева на денешната комеморација во чест на филмскиот продуцент Панта Мижимаков, кој почина на 5 март на 79 години. Во Кинотеката дојдоа околу 50 гости, најмногу режисери и продуценти.

Со Панта сме старо друштво, филмаши. Приказни има многу. Ќе ви кажам за тоа кога мојот син Бран Ферро сакаше да студира кинематографија. Јас бев против и се крстев во Панта дека само тој може да го разубеди. Дојде кај нас, си прават, си прават муабет и дојде време да си оди. Јас седам како полиена со ладна вода. Му велам: ‘Ама, што се договоривме?‘ Ми вика: ‘Е, сега, ти си го воспитала, јас ќе исправам криви дрини’. И му вели: ‘Филмот е фашизам. Треба челична дисциплина. Знаеш’. Бран му вели: ‘Знам’. ‘Е, па работи го тоа’”, кажа Петрушевска.

Директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, рече дека неговиот живот може да се преточи во филмска приказна и дека комплетирањето на неговата архива ќе виде голем предизвик за Кинотеката.

Ни самиот не знаеше или не сакаше да знае на колку филмови работел”, рече Грујоски.

Режисерот Јани Бојаџи, кој работеше со Мижимаков на филмот „Ругање со Христос”, зборуваше за пријателството со него, за советите.

Ништо не е доволно да се каже за човекот кој живееше за филмот. Тој беше последниот филмски пророк. Веднаш знаеше дали некој ќе го биде или не за оваа работа. Мене ми рече: ‘Момче, филмот е ајдучка работа. Филмот се краде, никој нема да ти го даде’”, рече Бојаџи.

Мижимаков студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираа во Македонија и Југославија. Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број играни, документарни и кратки филмови. Од 1991 беше еден од основачите и директор на приватната продукциска куќа „Пегаз“, со која има реализирано неколку филмски проекти.

Бил продуцент и менаџер на продукција на филмовите како „Среќна Нова“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, „Миротворец“, „Татко (Колнати сме Ирина)“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“ и „Тајната книга“.

Во 2018 ја прими наградата Златен објектив на Кинотеката на Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Се судрија танкер и товарен брод во Северното море, спасувачка операција во тек

Следно

Две лица загинаа во сообраќајка на влезот во Битола

Latest from Blog

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи
Go toTop