Мислат само за себе: Хороскопски знаци кои не ги ценат своите пријатели

November 2, 2025
1 min read

Пријателството се базира на поддршка, разбирање и заеднички напор, но некои луѓе не знаат како да ја препознаат вредноста на оние кои се на нивна страна. Наместо да негуваат блиски врски, тие често ги земаат здраво за готово, заборавајќи колку е важно да се биде присутен и благодарен. Астрологијата открива дека постојат хороскопски знаци кои понекогаш се однесуваат себично и незаинтересирани за пријателства, иако не секогаш го прават тоа свесно.

Овен

Овните се познати по својата независност и потребата секогаш да бидат први, што често ги води да мислат само за своите цели. Иако тие се енергични и харизматични, во пријателствата понекогаш забораваат дека врските бараат рамнотежа помеѓу давање и примање. Нивниот импулсивен карактер може да биде предизвик бидејќи тие не забележуваат кога повредуваат блиска личност со своето однесување. Дури кога ситуацијата ќе се смири тие сфаќаат дека можеби оставиле впечаток дека не им е гајле.

Близнаци

Близнаците се дружељубиви и забавни, но нивната непостојаност може да создаде впечаток на површност. Тие често се толку преокупирани со нови искуства и луѓе што не забележуваат кога некој во нивниот круг се чувствува запоставен. Близнаците ретко сакаат намерно да ги повредат пријателите – нивното внимание едноставно се оддалечува лесно. Ако научат да посветуваат повеќе време на оние кои им се најблиски, нивните пријателства можат да станат многу подлабоки.

Лав

Лавовите сакаат да бидат во центарот на внимание и често очекуваат сè да се врти околу нив. Нивната самодоверба лесно се претвора во потреба за восхит, поради што тие можат да ги игнорираат чувствата на другите. Лавовите, иако дарежливи, понекогаш оставаат впечаток дека ги ценат пријателите само се додека тие им обезбедуваат поддршка и признание. Кога ќе научат да делат внимание и искрено да ги слушаат другите, нивната топлина и лојалност може повторно да дојдат до израз.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Струга до 15 часот излезноста е 27,5% во вториот круг

Следно

Келн добитен против Хамбургер

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop