Мисајловски за победата на Трамп: Навистина една голема победа, целиот свет го очекуваше овој ден

November 6, 2024
1 min read

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во своето гостување во Дневникот на МРТВ уште еднаш му ја честиташе победата на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, притоа истакнувајќи дека тоа е навистина голема победа и целиот свет го очекувал овој ден.

-Целиот македонски врв му ја честиташе победата на Доналд Трамп, еве имам прилка и од тука. Честитки за целиот американски народ, навистина една турнеја, една голема изборна победа, но и целиот свет го очекуваше овој ден. Се надевам дека, се надевам дека односите ќе бодат уште подобри, се надевам дека поготово во делот на одбраната и нашиот стратешки пријател Америка ќе ги зацврсти нашите пријателски односи и знам дека тоа така ќе се случува во иднина, изјави Мисајловски.

Буџетот во Армијата ќе биде 2%, но и ќе се зголемува низ годините вели Мисајловски.

-Морам да потенцирам, а сум кажал и претходно, во ерата на Доналд Трамп, зборувам за првиот мандат, најмногу земји, поготово земји членки на Нато го кренаа својот буџет на два проценти и тоа навистина е за поздрав. Од тој момент почнува да се модернизира се повеќе и повеќе и насекаде зборам, поготово во земјите членки на НАТО, тоа се разбира е и наша стратешка цел и една од обврските што ги имаме преземено, односно нашиот буџет ќе биде над два проценти, ова било и претходно, но сега ќе се зголемува низ годините бидејќе тоа беше една од работите кои што ги бараше администрацијата на Трамп. Но навистина тоа е и потребно, иако сме мала земја мора континуирано да ги подобруваме нашите капацитети, појасни министерот Мисајловски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ова се можните кандидати за високи позиции во адмиистрацијата на Трамп, според американските медиуми

Следно

Балансерот укинат, а 20% за албанскиот јазик?! – Мицкоски: Го оставаме во рацете на Уставен суд

Latest from Blog

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им определи мерка „куќен притвор“ на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи. Остануваат и претходно изречените мерки за

Средба Ердоган-Санчез: Крај на угнетувањето во Палестина ќе се стави преку заеднички напори

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека приоритет на Турција е испораката на хуманитарна помош во Газа и изрази увереност дека на угнетувањето во Палестина ќе се стави

Германија: 12 повредени во напад со нож на железничка станица во Хамбург

БЕРЛИН (АА) – Дванаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург, соопштија вечерва германските власти, јавува Анадолу. Полицијата потврди дека осомничената, 39-годишна жена, е уапсена на

Мицкоски: Време е сите граѓани без разлика на етничка припадност, заедно да изградат општество на еднаквост и соживот

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил сподели објава во која напиша дека присуствувал на настан по повод 23 мај, денот на влашката заедница и додаде дека е време сите граѓани без
Go toTop