Мирисот од роза го зајакнова мозокот и меморијата

September 10, 2025
1 min read

Може ли да си го подмладиме и зајакнеме мозокот со парфем? Ново истражување на научници во Јапонија покажува дека тоа е можно. Иако досега мирисите главно се поврзуваа со расположението и сеќавањата, новите сознанија говорат дека континуираното вдишување на една одредена арома – мирисот на масло од роза, може да ја зголеми сивата материја на мозокот, со што, меѓу другото, го зајакнува делот одговорен за помнење, но и го штити овој витален орган од невродегенеративни заболувања.

Научници од Универзитетот на Кјото и Универзитетот на Цукуба во Јапонија побарале, од 28 жени, да носат облека со масло од роза на неа еден месец, додека контролната група од 22 испитаници користела обична вода. Магнетната резонанца покажала дека оние кои имале мирисот на роза на себе – имале и зголемен волумен на сивата материја. Иако поголемиот волумен на мозокот не значи автоматски „повеќе памет“, ваквите откритија и сознанија би можеле да бидат значајни за евентуално лекување болести како што е деменцијата, се наведува во трудот објавен во научното списание „Брејн рисрч билтен“ (Brain Research Bulletin).

„Ова е првиот труд што покажува дека континуираното вдишување мирис ја менува структурата на мозокот. Резултатите посочуваат дека континуираното вдишување на есенцијално масло од роза може да спречи атрофија на мозокот и деменција“, велат истражувачите.

И претходно се знаеше дека мирисите може да ја подобрат меморијата и вештините за размислување, но јапонскиот научен тим сакал да го испита долгорочниот ефект: Што се случува кога мозокот континуирано обработува еден мирис и го поврзува со сеќавањата?

Резултатите покажаа дека сивата материја, по вдишувањето на мирисот на роза, не се зголемила рамномерно во сите региони. Додека амигдалата (центарот за емоции) и орбитофронталниот кортекс (предниот дел од мозокот одговорен за пријатни мириси) останале речиси непроменети, значително зголемување е забележано во задниот цингуларен кортекс (ЗЦК) – дел од мозокот поврзан со меморијата и асоцијациите. Се претпоставува дека ова се случува затоа што амигдалата, навикната на постојаниот мирис на рози, престанува да испраќа предупредувања, додека ЗЦК континуирано обработува информации и ги поврзува со сеќавањата. На овој начин, тој дел „работи прекувремено“ и станува посилен, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).

Интересно е што истражувачите оставиле отворена уште една можност – дека во некои случаи мозокот го перцепира мирисот на рози како непријатен, а дополнителната емоционална регулација го принудува ЗЦК да работи уште поинтензивно.

Заклучокот е ветувачки: Ароматерапијата би можела да стане едноставен и евтин начин за зачувување на мозокот и менталното здравје. Додавањето мирис на облеката би било како носење парфем – мала, секојдневна навика што може да има големо влијание.

Во иднина, ќе се изучуваат и други мириси во поголеми групи. овие наоди би можеле да помогнат и во лекувањето и спречувањето деменција. Тоа е така бидејќи кај пациенти со Алцхајмеровата болест, на пр., ЗЦК се намалува, а стимулирање со мириси би можело да биде начин тоа лице и неговиот или нејзиниот мозок да се одржи во добра форма.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манасиевски: Ајродром, ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот

Следно

Тошковски: 23 нови мотоцикли ќе ја зајакнат сообраќајната полиција

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop