Министрите за надворешни работи на Туркије и Финска разговараа телефонски

March 31, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу телефонски разговараше со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто, пренесува Анадолу.

Според дипломатски извори, разговорот се водел откако турскиот Парламент ја одобрил кандидатурата на Финска за членство во НАТО.

Турскиот Парламент вчера ја одобри кандидатурата на Финска за членство во НАТО. Со овој чекор сите 30 членки на НАТО го ратификуваа приемот на Финска, што е услов за влез во Алијансата.

Вознемирени поради руската инвазија на Украина пред една година, Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на неврзување и во мај аплицираа за членство во Алијансата.

Меѓутоа, Туркије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, побара од двете нордиски земји да преземат конкретни мерки против терористичките организации, како што се ПКК и ФЕТО, со цел да се вклучат во Алијансата.

Во јули Финска и Шведска потпишаа Меморандум со Туркије за решавање на безбедносните проблеми на Анкара, а високи дипломати и официјални претставници од трите земји оттогаш одржаа различни состаноци за да разговараат за спроведувањето на трилатералниот договор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Подготвена е иницијативата за конфискација на дивоградбите, вели Герасимовски

Следно

Герасимовски: Секогаш сум донирал и ќе донирам од платата за поддршка на граѓаните

Latest from Blog

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

фото: Rayo Vallecano (X) Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

По повод почетокот на учебната година, премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода. -Ве известуваме дека утре 01.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот
Go toTop