Герасимовски: Секогаш сум донирал и ќе донирам од платата за поддршка на граѓаните

March 31, 2023
1 min read

Секогаш сум донирал и ќе донирам за потребите на граѓаните, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во денешното гостување во Студио 10 на Телевизија 24.

Прашан за одлуката на Управниот суд и зголемување на платите на јавните функционери Герасимовски вели дека не сака да ја коментира судската одлука но поради зголемениот стандард и потрошувачка за живеење сите сектори имаат потреба од зголемување на платите.

– Јас како градоначалник многу често донирам. Минатиот месец целата моја плата беше донирана за тешка операција за еден од нашите ученици и како градоначалник секогаш наоѓам начин дел од своите финансии да ги донирам за одредени потреби на граѓаните. Одлуката на судот вчера е донесена но сè уште не е направена пресметката за да видиме за колкаво зголемување станува збор и секако дека дел од тоа зголемување во наредните месеци исто и од мојата плата ќе биде донирано за одредени потреби, рече Герасимовски.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски исто така рече дека се обидува да ја поправи јавната слика на функционерите со тоа што ги скратува трошоците во општината.

-Наоѓаме начин да таа перцепција ја смениме со тоа што не се користи службено возило, не се користат сметки за оние непопуларни трошења во кафеани, немаме патни трошоци и гледаме да сите тие средства ги пренамениме на друга намена. Во текот на минатата година заштедените средства беа префрлени за нашите социјално загрозени семејства односно се префрлија во програмата за социјална грижа, потенцираше Герасимовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министрите за надворешни работи на Туркије и Финска разговараа телефонски

Следно

Украина ќе ги бојкотира меѓународните натпреварувања со руски спортисти

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop